Хармоникашот Мишел Трајковски и познатата актерка Јана Стојановска ја претставија својата најнова уникатна креација со комбинација на музика и актерска емосија – песната „Весник“
.Спојот на уметноста, вокалната приказна, музичката емоција, актерските квалитети ,како и длабоката емоционална тежина на текстот се заеднички приказ за љубовта и времето посветено на овој музички проект со Јана.
“Весник” е само првата песна од нашиот проект “Forevergreen project” кој ќе потсетува на едно старо но волшебно време во кое се создавала квалитетна музика- вели Мишел во разгворот за Гламур.
Приватна архива
Направивте една уникатна комбинација на музика и актерска емоција со композицијата “Весник” , од каде идејата и колку време траеја подготовките?
Ви благодарам.. Кога ја имате Јана поред себе во оваа приказна, имате личност која со својата уметничка моќ обединува повеќе различни сфери и ги преточува во една голема заедничка слика наречена “Весник”
Спојот на уметноста, вокалната приказна, музичката емоција, актерските квалитети ,како и длабоката емоционална тежина на текстот се заеднички приказ за љубовта и времето посветено на овој музички проект со Јана. “Весник” е само првата песна од нашиот проект “Forevergreen project” кој ќе потсетува на едно старо но волшебно време во кое се создавала квалитетна музика.
Ве знаеме исклучиво како инструменталист, како се одлучивте да се покажете и како вокал во песната?
За време на процесот на создавање на ова музичко парче кое беше токму подготвено за интерпретација на Јана го добив единствениот услов. Или ќе се сними песната како дует или останува во некоја нотна тетратка 🙂
Секако со задоволство прифатив за прв пат досега да бидам дел од една вокална приказна. Признавам, беше голем предизвик за мене. А исто така Јана беше и главниот иницијатор за да го создадам текстот. Со нејзината умешност за поставување на точни параметри и насоки на движење.
Кој се е вклучен во изработка на песната и спотот?
Како инструменталисти во песната се појавуваат Маестро Дамир Имери на пијано, Никола Автовски на бас гитара и Зоран Костадиновски на гитара. Режисер на прекрасниот видео запис е Илија – Ико Каров, а дел од екипата заедно со него беа и Николаи Грнчаров и Стефан Рајхл.
Приватна архива
Видео записот е снимен на едни од најубавите Скопски локации, а тоа се Градскиот парк, плажата на Матка, скопскиот Аквадукт, како и хотел Континентал.
Дали и во приватниот живот Ве врзува со Јана некоја блискост или тоа е само професионално?
Со Јана се дружиме и приватно, и секогаш кога ќе успееме да најдеме слободно време, ја користиме приликата да создадеме некоја нота плус или нов текст кој ќе биде вметнат во новиот ” FOREVERGREEN” проект. Нашите дружби се секогаш забавни и динамични.
Се надевам наскоро ќе објавиме и видео снимки од подготовките на нашите нови дела, како и од дружбите за време на пробите.
Приватна архива
Какви Ви се очекувањата од овој проект?
Се надевам дека со “ВЕСНИК ” и целиот музички ФОРЕВЕРГРИН проект
Ќе го вратиме нивото на некогашниот сериозен музички пристап, музичкиот израз и генералниот однос кон целата тематика. Како аудио така и видео.
Приватна архива
Дали може и ви иднина некој сличен проект или воопшто што ново следува?
Во втората половина од месец декември ја објавуваме новата песничка во соработка со СОС детско село со наслов “Пеперутки”. Со текст на Јана Стојановска и моја музика.. Станува збор за сериозен музички проект. И секако во месец Јануари продолжуваме со објавување на нови песни од албумот со Јана.
И каде ќе настапи Мишел за Нова година?
Мишел оваа Нова година ќе настапи во својот дом заедно со своите најблиски. Најомилениот музички настап :))