Поранешната водителка и моделка Хелена Роза, која веќе со години живее во Нов Зеланд, има на што да се гордее – нејзината ќерка Кјара, се стекна со важна диплома која ѝ отвора нови патишта во животот.
Кјара, која патем, многу наликува на мама, на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии на кои позира со дипломата, нагласувајќи дека ѝ се исполнил сонот со тоа што станала адвокатка.
„Една македонска девојка со големи соништа сега е адвокат и солиситор на Високиот суд на Нов Зеланд! Беше долг патот, но официјално влегувам во моето правно патување. Станувајќи адвокат пред дури да дипломирам е доказ дека нема сон што е премногу голем ако си подготвен да вложиш труд“ – вели Кјара и додава:
„Не би успеала во ова без моите неверојатни родители (helena.roza gorgievski.i), кои работеа неуморно за да ми ја овозможат секоја можност и ми ја покажаа вредноста на упорноста. И на мојот неверојатен сопруг — ти беше мојот најголем поддржувач, мојата стабилна рака и мојот постојан извор на охрабрување.
Ова не е само мое постигнување; тоа е одраз на љубовта и поддршката од оние кои ми значат најмногу. Ви благодарам што верувавте во мене на секој чекор!“, вели Кјара.
За оваа свечена прилика и мама Хелена беше дотерана во цветен фустан во комбинација со виолетови чевли со високи потпетици. Од левата страна до неа е нејзината мајка, која секогаш ѝ билна најсилна поддршка на Хелена и на Кјара, а од десната страна на фотографијата позира сопругот на Кјара, Стефан, облечен во син костум и видно расположен поради успехот на саканата.
Инаку, очигледно е дека Кјара ја наследила убавината од мајка си и баба си, доволно е само да ги погледнете фотографиите на нејзиниот-инстаграм профил ѝ веднаш е јасно дека станува збор за паметна девојка која истовремено и убавица.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (
види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница
ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм
ТУКА .