Реклама
LIFESTYLEВести

Грозоморно киднапирана славна манекенка од Викторија сикрет со ќеркичката – под оружје со уцена за пари како во морничав трилер филм

Реклама

Бивша манекенка на Викторија Сикрет која живее во Њујорк, заедно со нејзиното семејство, биле киднапирани под закана со оружје и задржани во колиба во Бразил, додека полицијата ги бара лицата одговорни за овој криминал.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Luciana Curtis (@lucurtis)

Маркетинг

Луција Кертис, нејзиниот сопруг и нивната 11-годишна ќерка биле киднапирани од маскирани мажи додека излегувале од ресторан во Алто да Лапа, луксузен кварт во западната зона на Сао Паоло. Тие биле однесени во колиба во рурална област во државата Сао Паоло и биле задржани 12 часа.

Групата криминалци префрлила пари од манекенката на банкарски сметки на други лица поврзани со криминална организација, но и го украле автомобилот на парот, GWM Haval, вреден повеќе од 33.000 долари. Украдените износи сè уште не се вратени на манекенката (47) и на нејзиниот сопруг, фотографот Хенрике Жендр (53).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luciana Curtis (@lucurtis)

Постарата ќерка ја алармирала полицијата кога семејството не се вратило од ресторант, и полицијата веднаш реагирала. Меѓутоа, бандата веќе ги ослободила родителите и девојчето околу 10:30 часот во четвртокот.

„За време на потрагата од страна на специјализирани полициски тимови, бандата го напуштила семејството и побегнала“, изјавиле од полицијата.

Тие биле оставени во северниот дел на градот и пешачеле додека не добиле помош од локални работници. Полицијата отишла до колибата, но не пронашле никакви траги од криминалците. Засега не се извршени апсења.

Полицијата изјавила дека киднапираната и потоа ослободена тројка „покажала многу потресена емоционална состојба“, додека прес-канцеларијата на Кертис соопштила дека семејството „се чувствува добро“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luciana Curtis (@lucurtis)

Кертис е ќерка на британскиот бизнисмен Малколн Лео Кертис. Таа го минува своето време меѓу Њујорк, Сао Паоло и Лондон.

Таа работи како модел за врвни модни брендови како Викторија Сикрет, Хародс и H&M.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button