Поранешниот на Тамара „рипна во тавче“ – невестата со трудничко стомаче, блескаше во венчаницата
Невестата повеќе од една деценија помлада, изгледаше преубаво во белата венчаница
Поранешниот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка (44) се ожени со Едина Муса (33).
Интересно е тоа што и Александар и Едина се наши поранешни кошаркари, но и тоа што Едина е во блажена состојба.
Имено, Едина е во седмиот месец од бременоста, а веста дека носи машко дете кое ќе се вика Максим ги изненади сите кога убавата спортистка ја обзнани истата на својот профил на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Едина Муса
Поранешниот на Тамара неколку месеци по разводот започна врска со една од нашите најубави спортистки, а вчера со неа направија и свадбена церемонија на која и двајцата блескаа.
Инстаграм/ Едина Муса
Едина и Александар некаде на почетокот од оваа година открија дека се во врска, а поранешниот кошаркар од Тамара се разведе во 2022 година, по седум години брак од кој ги добија децата Хана и Дарен.
Инстаграм/ Едина Муса
Тогаш веста дека кошаркарот и пејачката решиле да стават крај на нивниот брак ги шокираше фановите на Тамара, по што пејачката реши да се огласи и откри дека останале во одлични односи и дека сега подобро функционираат, како родители на нивните деца, многу подобро отколку кога биле заедно.
Инстаграм/ Едина Муса
Неколку месеци подоцна, Тамара откри дека е во врска со младиот архитект Лука Радовиќ и дека повторно е вљубена.
Инстаграм/ Едина Муса
Новата сопруга на Мачка е 11 години помлада од него
Свадбата на Едина и Александар беше во еден познат скопски ресторан, а на свадбата присуствуваа и неговите деца, Хана и Дарен.
Инстаграм/ Едина Муса
На свадбата беа и многу познати лице од естрадниот живот во Македонија, а меѓу нив и Дарко Гелев-Брејк кој во еден момент се фати и за микрофонот и ги израдува младенците со „Лебедот бел“.
Инстаграм/ Едина Муса
Невестата блескаше во преубавата бела венчаница и со трудничкото стомаче, а Мачка цела вечер не ја тргаше насмевката.
Инстаграм/ Едина Муса
На нивните прсти светкаа бурмите, а нивното расположение и весели изрази зборуваат за нивната голема љубов.
Тие најверојатно решиле да побрзаат со венчавката затоа што Едина е бремена, па сега нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член, Максим, чие име кошаркарката неодамна го откри.
Инстаграм/ Едина Муса
Повеќе детали од свадбената церемонија во продолжение…