Познатата мама родена без раце ја украсува елката, а ќеркичката Лара цело време ја гушка и помага
Еве како изгледа празничната магија во нејзиниот дом
Дејана Бачко која на социјалните мрежи е позната како „Девојката со крилјата“ ги изненади сите со својата последна објава.
Имено, оваа импресивна девојка сподели детали од својот дом и откри како течат подготовките за новогодишните празници.
Таа иако е родена без раце, покажа како со нозете ја украсува елката во својот дом, но и како нејзината ќеркичка Лара што ја доби од бракот со Марко Нежиќ несебично и помага со своите прегратки и бакнежи.
Инстаграм/ Дејана Бачко
Потсетуваме, Дејана во улога на мајка се оствари минатата година, а пред неколку недели заблеска во венчаница.
Инстаграм/ Дејана Бачко
Инстаграм/ Дејана Бачко
Таа и нејзиниот партнер се венчаа во црква во февруари оваа година, а пред еден месец направија и голема свадбена церемонија.
Инстаграм/ Дејана Бачко
Инстаграм/ Дејана Бачко
Тогаш Дејана блескаше како невеста во својот бел фустан со светки и бели патики, а нејзиниот сакан носеше класичен костум.
Повеќе детали од овој посебен момент, погледнете тука…
Инстаграм/ Дејана Бачко
Инстаграм/ Дејана Бачко
Инстаграм/ Дејана Бачко
Инстаграм/ Дејана Бачко
Инстаграм/ Дејана Бачко