Многумина ќе заплачат кога ќе го слушнат ова – Анета Љумаковска со песна за својот починат татко
Пејачката никогаш поемотивна
„За татко, за чичко Драги Љумаковски, и за сите татковци кои ни заминаа“, напиша пријателката на Анета на Инстаграм.
Пејачката Анета Љумаковска сними песна во која целосно се пронајде, бидејќи зборува за нејзината животна приказна.
Имено, пејачката неодамна остана без својот татко, кој отсекогаш и бил голема поддршка во животот, а деновиве на 25-то јубилејно издание на познатиот музички фестивал Фолк фест Роса 2024 изведе песна „Збогум без збогум“, за која откри дека е во спомен на нејзиниот татко.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И кога секогаш ќе се спомене името на Анета, прва асоцијација е генијален вокал и квалитетна народна музика, а пејачката и овој пат ги воодушеви сите со својата најнова песна која блика од емоции.
Текстот на песната е на нејзината пријателка, новинарката Анита Даева, која пред неколку недели објави и снимка од студиото.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И Анита тогаш откри дека песната е за спомен на нивните татковци, но и на сите кои ги немаат, а како звучеше Анета на Роса фест, кога со многу емоции ја испеа песната пред публиката, погледнете во продолжение.
„ЗБОГУМ БЕЗ ЗБОГУМ”
„За татко, за чичко Драги Љумаковски, и за сите татковци кои ни заминаа. Анета ти благодарам на фантастичната интерпретација..@zdrave8 за силната мелодија, @sokolovskiljupco за врвниот аранжман, @dacapobend, @dimitarmitrovski за љубовта со хармониката Фолк Фест Роса 25 години❤️🇲🇰“, напиша Анита на својот Инстаграм.
Инстаграм/ Анита Даева
Потсетуваме, Анета неодамна во интервју за Гламур зборуваше отворено за својот татко, кој почина во текот на ова лето.
Инстаграм/ Анита Даева
„Болна е загубата на родителот, меѓутоа животот оди понатаму. Тоа што ме подржуваше во мојата кариера, ете тоа ме прави да продолжам понатаму бидејќи сум сигурна дека е горд на мене каде и да е и во никој случај не би сакал да престанам со пеење“, изјави тогаш Анета.
Целото интервју со неа прочитајте го тука…