Македонката со ангелски глас со необична вест што сите ги изненади – пејачката реши да го напушти својот бенд
Елена Андоновска се огласи на Фејсбук
Пејачката ги изненади своите фанови со пораката
Една од нашите најпознати и најубави пејачки на традиционална народна музика, Елена Андоновска, преку Фејсбук соопшти дека ја напушта групата со која што настапуваше.
Имено, Елена веќе со години настапуваше со музичката група „Седенка“, а сега соопшти дека останува на сцената, но без оваа екипа.
Таа реши да ги извести своите фанови за оваа новина, а многумина изненадени од оваа нејзина одлука ја подржа во коментарите.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Почитувани пријатели и мои поддржувачи, би сакала да ве известам дека официјално повеќе НЕ СУМ ДЕЛ од музичката група Седенка. Секако останувам на сцената, за сите ваши свечени прослави, да создаваме и понатаму убави моменти како и досега, напиша Елена во својата објава на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Потсетуваме, Елена веќе со години го носи епитетот „македонски славеј“ и со својот неверојатен глас никого не остава рамнодушен.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Таа важи за една од нашите најдобри изведувачки на традиционалните македонски песни, а е дел и од Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“, каде работи и нејзиниот колега и сопруг Марјан Андоновски.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Тие оваа година прославија осум години брак, а круна на нивната љубов се нивните три деца, Јосиф, Андреј и Лазар.
Фејсбук/ Елена Андоновска
Како изгледаше Елена и како невеста, погледнете во продолжение…