Реклама
Наши ѕвезди

Ем убава, ем хумана – нашата позната водителка ги воодушеви сите со овој свој несебчен гест

Милена реши некој да израдува со својот хуман гест

Реклама

Нејзиниот пример треба да го следат и останатите познати дами

Познатата македонска водителка Милена Антовска Станковска покажа дека покрај својот убав стас, има и добра душа.

Имено, таа реши да израдува некој од своите верни фанови, па се огласи и напиша дека ја подарува својата облека што повеќе не ја носи.

Маркетинг

Овој гест секако дека ги воодушеви сите, а најмногу оној на кого Милена реши да ги подари парчињата од својот плакар.

Маркетинг
Фејсбук/ Милена Антовска-Станковска

„Друштво сакам да подарам гардероба што веќе не ја носам. Сега за сега имам неколку полни кутии па би сакала да стигнат во рацете на некој кој што навистина има потреба… Има и зимски и летни парчиња, конфекциски број 36 и 38. Пишете ми или препратете на некој“, напиша Милена на својот Фејсбук и додаде едно срце.

Фејсбук/ Милена Антовска-Станковска

Набргу откако ја сподели објавата, таа повторно се огласи, но овој пат откри дека добила многу пораки и дека нашла каде ќе замине гардеробата. веќе решила

„Штом имам уште ви пишувам пак. Ви благодарам“, напиша Милена.

Фејсбук/ Милена Антовска-Станковска

Овој нејзин гест предизвика воодушевување, но се надеваме ќе послужи и како инспирација и за другите наши познати личности кои имаат вишок облека во своите плакари, па ќе решат да им помогнат на оние што не можат сами да си ја дозволат.

Во секој случај, големо БРАВО за овој мал, но убав гест на Милена…

Фејсбук/ Милена Антовска-Станковска

Фејсбук/ Милена Антовска-Станковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button