Реклама
Наши ѕвезди

Нашата пејачка во издание што сите ги изненади – ќе се воодушевите, им одржа лекција на колешките

Пејачката заблеска во црвената тоалета

Реклама

Пејачката деновиве имаше одличен настап во Белград

Нашата позната поп-пејачка Андријана Јаневска на социјалните мрежи објави слика од нејзиниот настап во Белград.

Имено, таа настапи во рамите на македонската вечер на саемот „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград, а од фотографијата што ја сподели можевме да видиме како пејачката изгледаше.

Маркетинг

Андријана за оваа пригода избра гламурозен црвен фустан кој и покрај тоа што беше со должина подот, заради самиот крој и пред се заради големиот шлиц во центарот на вниманието беа убавите нозе со кои пејачката никого не остави рамнодушен.

Маркетинг
Инстаграм/ Андријана Јаневска

Посебно доза на сексапил дадоа и сандалите што Андријана ги избра за оваа пригода, како и сите останати детали што ги носеше.

Нејзината коса беше врзана во висока пунџа, така што во фокусот беше нејзиното убаво лице, но и големите обетки, а Јаневска целото издание го зачини со црвен кармин и шминка со нагласени очи заради која пејачката блескаше од глава до пети.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Инаку, Андријана овој преубав фустан го носеше и пред неколку недели на настапот на Макфест кога исто така ги воодушеви сите.

Инстаграм/ Андријана Јаневска

И тогаш во фокусот беа нејзините згодни нозе, а како изгледаше и зошто со право ја носи титулата за една од нашите најдобри, но и најубави и најзгодни пејачки, погледнете од фотографиите и галеријата што ви е преставена во продолжение…

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Инстаграм/ Андријана Јаневска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button