Македонците во Германија се журкаа на концерт – прекрасната битолчанка носеше креација по која жените „полудеа“
Емоција и спектакуларност, Ме врати во детството, кралица, Ме однесе дома и ми направи временско патување до детството, Никој како Каролина, Четири часа вистинско шоу, Ова не се заборава... се дел од коментарите на социјалните мрежи по настапот.
Поп дивата Каролина Гочева е на турнеја во Германија. Пејачката вчеравечер им ги развесели срцата на Македонците што живеат во градчето Штудгарт.
„Македонско девојче“, евровизиската „Од нас зависи“, „Две лири“… се пееја во хор хитовите на Каролина коишто не можат да се добројат.
Битолчанката е една од најубавите пејачки кај нас, таа е долго време на сцената и секогаш изгледа беспрекорно. Каролина со години како вистинска ѕвезда има огромен тим зад себе вклучувајќи и стилист.
На јавноста и е познато дека за изгледот на Каролина секогаш се грижи Цаци Паковска.
За оваа пригода, за настапот во Штудгард пред македонската публика таа облече долг елегантен фустан во црна боја. Едноставниот крој плени, фустанот е рамен, без никакови додатоци со чиста структура, пресечен кај градите како топ, без ракави, спуштен по телото до долу.
Оваа креација е надополнета со масивен црн детаљ околу вратот. Целокупниот изглед беше надополнет со елегантни чевли со светки.
Овој префинет изглед е одлична инспирација за жените, а нема на кој не му се допадна како вчера изгледаше Каролина.
Погледнете дел од атмосферата од сторињата што ги објавија фановите.
Ме врати во детството, кралица, Ме однесе дома и ми направи временско патување до детството, Никој како Каролина, Четири часа вистинско шоу, Ова не се заборава… се дел од коментарите на социјалните мрежи по настапот.