Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на 25 август беше приведена на границата меѓу Србија и Хрватска при обид да влезе во Србија.
Пејачката проговори за босанскиот портал „Klix.ba“. Таа ја раскажа својата страна на приказната и во разговорот искажа многу страшни мислења и ставови за Србите и Србија.
– Бевме на граница во 19:35 часот. Граничниот полицаец ни рече да стоиме настрана, виде нешто на екран, но не ми е прв пат. Ме запреа од 2016 година, мислам дека министер за полиција беше Небојша Стефановиќ, мислам дека наредуваше секој пат да ме запираат – вака Северина го започна интервјуто.
Потоа продолжи:
„Кога дојде инспекторот, рече дека ги слушал моите изјави за геноцидот во Сребреница и ме праша што мислам за тоа. Му реков дека и Додик потврдил дека тоа е геноцид. Потоа ме праша што мислам за Јасеновац. Одговорив дека сите се во Јасеновац, само се живи. На крајот ме праша за бурата и за силуваните жени, реков дека Вучиќ е карикатура од маж и дека е за се виновен тој.
Како што објаснува, не и било јасно како можат да поставуваат такви прашања и која е целта.
-Им реков дека први почнале, ја уништиле Босна и се. Ми рекоа да ја преминам границата, но јас одбив. Нема да одам во Србија се додека Вучиќ е на власт“, изјави Северина.
Таа потврди дека многу и значела поддршката од луѓето што ја добила по оваа ситуација.
Целото интервју можете да го погледнете на ова видео: