Атанас Атанасовски е најдобриот актер од неговата генерација. Тој е оригинален и неверојатно талентиран актер што во 90 проценти од претставите ги има главните и одговорни улоги на репертоарот на Театар Комедија. Без разлика за кој лик од претставите станува збор, тој така умешно знае да продре во ликот и да го изнесе генијално на сцена. Тој е еден шармантен, насмеан, позитивен но сепак скромно го прима секој комплимент за неговиот талент кој е неспорен и докажан, а кога станува збор за театарот, Атанас вели дека само таму е свој на своето, односно дека само таму се чувствува како дома. За театарот, работата, семејството, но и за детали од неговиот приватен живот, прочитајте повеќе во интервјуто на Атанасовски за Гламур магазин.
Приватна архива
Кога ти се јави желбата да бидеш актер?
Во седмо одделение, мојот кум Дарко Богески ми рече зошто не дојдеш со мене, а јас бидејќи не знаев што да правам во животот, не учев баш како што треба, едноставно ми леташе паметот како што би рекла мајка ми и се појави мојот кум, ми рече дојди со мене да пробаш. И отидов во детско драмско студио со него и сфатив дека јас нема што да лутам повеќе во животот и дека ова ми е се, само се фокусирам и да работам, па што биде нека биде.
Дали твоите родители те поддржаа за твојата одлука да се занимаваш со актерство?
Моите беа задоволно со било што и да одберам бидејќи, и никогаш не беа против, моите рекоа ‘фала Богу што одлучи сине нешто да правиш’, бидејќи пробавме и фудбал, пробавме и ритам плус хаха, се пробав ама нигде нешто не бев конкретно задоволен од себеси. А и луѓето каде што одев не беа задоволни од мене.
Приватна архива
Се сеќаваш ли на твојата прва професионална одиграна претставата и улога?
Тоа беше на Љубиша Ристиќ „Троил и Кресида“. Тоа беше во стариот МНТ, сегашен Комедија, ја правеше „Троил и Кесида“ и викна 80 актери од Македонија и сите студенти тогаш што бевме на факултетот за драмски уметности. Таму ми е таа една прва улога, правевме етиди всушност на тема грчка митологија, не беше некоја скроз изградена улога, но беше дел од некоја претстава.
Приватна архива
Кога Би требало да бираш, театар, филм или стенд ап, што би одбрал?
Сите три заедно, но ако треба да бирам сепак театар, затоа што е и филм и стенд ап. Тука сум дома, тука ми е сигурно, едвај чекав да пројде ова со стенд апот и овој голем стрес за да се вратам. Тука сум свој на своето.
Бидејќи многу пати сум била на Вашите претстави, а и некои ги имам гледано и по два или три пати, навистина публиката ве враќа повеќе пати на бис со аплаузи, па дали ти се подраги аплаузите од публиката која ве враќа на бис или наградите?
Аплаузите сигурно, пошто тоа е награда во моментот. Сум добил и награда и тоа е прекрасно чувство бидејќи некој те наградил за тоа што си сработил ама во моментот кога те наградува публиката тоа е еден показател дека се случило нешто помеѓу тебе и гледачот, се родило нешто што некој сака да ги спои двете дланки и да те дигне, тоа е подраго чувство, аплаузот сигурно.
Приватна архива
Која ти е најблизок лик досега што си го одиграл до вистинскиот Атанас?
Во различни периоди различни ликови, пред две години периодот што ми беше најблиску бев до Франсоа Пињон глупавиот од „Вечера за глупаци“, бидејќи така се чувствував тој период и така ми се одвиваше животот како на Пињон што му се случуваше.
Приватна архива
Наивно влегов во некои работи. А сега би рекол можеби, што знам најблиску ми е Оскар Медисон од Пар распар.
Како се подготвуваш за секој нов театарски предизвик и за секоја улога, како излегуваш од овој Атанас за го внесеш во себе ликот и да го изнесеш на сцена, каков е тој процес?
Ќе пробам најпросто и најкратко да објаснам дека тоа е еден процес што треба да го преживееме и после тоа јас секој лик или секој различен лик ми е врзан или со некоја музика нумера или со ритуал пред претстава, што ми помага што е можно поблиску да дојдам до карактерот што треба да го изиграм таа вечер.
Различен пристап имам за секој, некогаш ми успева некогаш не, но почесто ми помага тоа за да влезам во ликот таа вечер.
Приватна архива
Бидејќи во 90 посто од претставите на репертоарот си застапен и ги играш воглавно главните улоги. И ми се чини дека го носиш на грб цел Театар Комедија, тоа ти е понекогаш товар или сепак задоволство?
Па не не го носам цел театар на грб сам, играм да голем број на главни улоги, но да не се другите луѓе тука, што ми помагаат, што играат и што работат во претставите, јас не би можел да играм главна улога. Едноставно, сите сме на некој начин како еден организам што си помагаме еден на друг за да биде добро целото. Да, имам поголема одговорност во некои претстави, но јас сум решил дека така ќе биде, јас сум одлучил за тоа и се трудам максимално секогаш да одговорам на предизвикот. А тоа значи, за да одговарам на тој предизвик треба да заборавам на Атанас, што не знам и дали постои овој.
Приватна архива
Многу го сакам театарот и ги гледам и претставите, и ве следам Вас актерите и според мене ти си најдобриот актер од твојата генерација, кога ќе го слушнеш ова што ти значи ти дава ли поголем мотив за работа ?
Да, тоа многу ми значи, тоа значи дека некој го вреднува она што го работиш, и фала ти многу за овој комплимент и се надевам дека ќе продолжам да бидам најдобар актер дека нема да потклекнам, иако не сакам така да ги примам комплиментите така ми звучи како да ќе заврши тоа, а не сакам да заврши, сакам да бидам најдобар како што викате Вие подолго време.
Приватна архива
Но тоа е така ти се двоиш на сцена, еве во претставата „Илуминати“ ти така добро се трансформираше од лик во лик и така брилијантно ги одигра улогите, што на крај јас не можев да сфатам што се случува, како успеа да го направиш тоа?
Да, јас си го доживувам тоа како тие два часа кога треба да излезам пред публика, како се или ништо, како во војна,морам да преживеам , морам да бидам максимално таму.
Приватна архива
Што тебе би те насмеало во моментов?
Добра смешка ваљда-хахах.
Што правиш во ситуација кога ништо не те расположува?
Одам на кикбокс. Денеска бев, имам како се вика тоа брн аут, имав стенд ап, многу обврски, многу претстави и си имав чувство дека се истрошив. И сабајле кога ги носев децата во градинка имав чувство како блага анксиозност она како ништо не оди, она како, вреди ли целово? Дали треба да го правам? Дали влогот што го давам да не е преголем , да не е премал, си поставував многу прашања и не бев среќен со себе, не бев задоволен и мислев дека сум згрешил некои работи. И отидов на тренинг и вежбавме човек на човек одбрана и напад, и кога го примив првиот директ во вилицата така ме освести и сфатив дека јас глупости сум размислувал цело време, и дека животот е борба, мора да го примиш ударот што ќе ти се случи и мораш да продолжиш напред .
Приватна архива
Дали се сеќаваш како се запознавте со сопругата? И што е она што според тебе е најпотребно за да се има успешен брак и тоа да трае и колку има разбирање за твојата специфична професија?
Да, се сеќавам тоа беше во клуб во Скопје и така почна нашата љубовна приказна и заврши среќно со брак и трае и денес.
А за успешен брак, колку помалку се гледате толку повеќе ќе си фалите и толку повеќе ќе си значите еден на друг, тоа е според мене рецептот. Сигурно – тоа е рецептот. :)
Приватна архива
Какова татко е Атанас, имаш две прекрасни деца Павел и Една, дали си строг татко и како ги воспитуваш?
Искрено немам поим како ги воспитувам, пробувам само спонтано немам шаблон некој, тој што има деца знае дека не е се така како што ќе прочиташ и како што ќе ти кажат, едноставно не е така, и не си спремен, туку учиш како растат тие така ти учиш и пробуваш да се вклопиш во целото. Тие се тука и ќе бидат со тебе и ќе се трудиш одреден дел од животот што е можно повеќе време да бидеш со нив затоа што тоа е највредното нешто што еден човек може да го има.
Приватна архива
Дали знаат дека си актер?
Мислам дека не знаат, иако нешто во последно време почнаа да зборат глумец, но долго време јас ги лажев дека сум доктор и интересно ми беше и кул кога ќе речеа дека сум доктор а и кога ќе ги прашаа нели алудирајќи на тоа дека сум актер а тие ќе им кажеа дека сум доктор, , многу ми беше мерак и интересно ми беше да им ги гледам фаците на бабите, чичковците и тетките кога ќе го слушнеа тоа.
Приватна архива
Што те прави среќен, а што те вади од такт?
Ме прави среќен кога луѓето кои што ги сакам се среќни, кога мојата фамилија е среќна, здрави и живи, тоа ме прави среќен, а од такт све, лоши луѓе ме вадат од такт, злобници ме вадат од такт, катастрофалниов систем ме вади од такт, луѓето што не се грижат за животната средина, се, многу многу работи ме нервираат.
Приватна архива
Во една од претставите Вечера за глупаци пржеше јајца, готвиш нешто по дома, знаеш нешто да зготвиш?
Па да, јајца сигурно знам да спржам и за децата јуфки знам да сварам тоа.
Каде ги полниш батериите, каде се одмараш?
На тренинг, по планини кога одам, кога возам велосипед на кеј, во природа сепак таму најубаво се полнат батерии.
Приватна архива
Што мислиш за состојбата на актерите кај нас, пред некој ден имаше информација дека нема средства за филм кај нас од страна на филмскиот фонд, што најмногу ви недостига?
Па мислам дека грижата на државата општо за културата кажува многу за една држава, кога не се грижи во какви објекти работиме и во какви услови, и кога некој не се грижи за најпосетуваното место, кажува многу за луѓето што се поставени таму и мислам дека треба повеќе внимание да се обрне на овие културни домови, културни храмови, каде што публиката доаѓа да гледа театар, дека треба се вложи повеќе за да биде добро за сите. Зошто ние тука како што гледате какви и да се условите сепак доаѓа публика и мислам дека треба да се реновира целосно внатре, и не мора еве да се изгради нова зграда туку може и да се подобрат условите за да биде подобро за сите. Важно е и за нас и за публиката да може да ги гледа претставите.
А за филм исто така мора да се вложуваат повеќе пари, затоа што нашите филмаџии прават страшни успеси во светот, имавме две номинации за оскар и сите сакаат да ги гледаат нашите филмови, а кога би имале повеќе средства би правеле подобри филмови, не знам, може јас гледам така но тие што се таму не мислат така.
Имаш некоја најава за улога во филм?
Имам да снимав сега со Срѓан Јаниќевиќ филмот Осветлен или Осветлени тоа беше работен наслов, не знам како ќе биде вистинскиот наслов. Снимав таму, ќе се појавам, играв еден полицаец многу интересна улога, ќе се снима и втор дел на Те дуа жими мене, продолжението на најгледаната комедија откога постои Синеплекс и викаат дека е најбаран и најпродаван филм. Заслужи да добие второ продолжение , тоа е во подготовки и уште еден текст на Никола Кузелов Мравки, добиени се средства од филмски фонд и тоа.
Приватна архива
Какво беше искуството во Хрватска имаше и таму улога во еден филм?
Да одлично, беше искуството можеби имав мала улога, но бев одлично примен од екипата и во договорот ми пишуваше не заборавај дека ја претставуваш својата држава , инаку филмот го снимавме за време на Корона и се вика Носила је рубац черлени.
Што е потребно да се биде успешен актер?
Со искуство, само искуство, актерот е искуство, животно пред се , некои улоги бараат животно искуство, има некои и вундеркинд што може и без искуство да одиграат улоги, но јас мислам дека треба да имаш искуство.
Приватна архива
Кога не би бил Тино кој би бил на негово место?
Не постои друг, нема шанси, само Атанас и Тино дефинитивно.
–