Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Добрила од Дојран ги шокираше гледачите – погледнете каков „ѕвер“ возеше до Белград

Повторно никого не остави рамнодушен

Реклама

Жена со фасцинантна енергија

Добрила Ивановска Чабриќ и покрај тоа што има 96. за себе се уште вели дека без својот автомобил е како птица без крилја.

Впрочем Добрила тоа го демонстрираше и сега кога на снимање на популарното шоу „Никогаш не е доцна“, емисија во која што важи за најстарата победничка, пред студиото во Белград дојде со својот автомобил кој самата го возеше од Македонија.

Маркетинг

Нејзината енергија и ведрина веднаш ги расположија сите, а новинарите беа во шок кога се појави пред студиото со автомобилот.

Маркетинг
Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ

Но таа самата вели дека не може да живее без својот автомобил, и покрај тоа што неодамна и се случи мала незгода.

Имено, таа во една пригода на пат кон Охрид за да избегне директен судир излетала од патот, но за среќа поминала со полесни повреди.

Принтскрин/ Гранд.онлајн

И бидејќи нејзиниот автомобил тогаш настрадал, таа по само неколку се почести со ново превозно средство.

Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ

„Земав мал ‘Смарт’ кој е многу добар за гужва о тежок сообраќај, каков што е денес. Така што имам чувство како да седам на мотор, а нозете да ми се на тркалата, но се чувствувам убаво“ изјави тогаш Добрила во емисија на „Гранд“. Таа тогаш додаде дека не и е јасно зошто сите се чудат на тоа што вози од Дојран до Белград сама, кога е шофер веќе 75 години.

„Јас не возам, туку летам и ќе летам и понатаму. Ја поминав цела Европа со автомобил, така што тоа се моите нозе“ изјави тогаш Добрила.

Принтскрин

Потсетуваме, Добрила е родена 1928 година во Србија, а веќе со децении живее во својата куќа покрај Дојранското Езеро.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Таа е доајенка на Македонскиот народен театар, а повторно во центарот на вниманието дојде по победата во „Никогаш не е доцна“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button