Панчо од ДНК распали по колешката: Која си ти да навредуваш лица со попреченост?
„Ајде да ја направиме Јана популарна“ – напиша на најновата објава на Фејсбук, Владимир Блажев -Панчо од дуото ДНК.
Се работи за рил (кратко видео) од исечок од поткастот „Редкаст“, каде што пејачката Јана Гигова, ќерка на Сашо Гигов – Гиш е гостинка и зборува за Макфест.
Водителот Кирил ја прашува за фестивалите, па таа дава анализа за полседното издание на Макфест, при тоа споредувајќи го фестивалот со „песни со посебни потреби“.
– Јас не го гледав Макфест, но ги пуштив на јутјуб песните, ги разлистав по 10-20 секунди по песна. Тоа што добив генерален впечаток за повеќето песни, не за сите артисти, е дека Макфест полека се претвора во фестивал со песни за посебни потреби и самите интерпретации на некои луѓе беа такви – вели пејачката.
Ова го разгневи Панчо кој јавно ја повика Јана на кавга:
– Јаничка душо, што ти си направила од авторска музика и зошто ти сметат лугето со посебни потреби?
Која си всушност ти драга моја и што поточно авторски имаш сработено што се посра на многу продуценти и етаблирани изведувачи? Јас воопшто немав потреба да напишам ништо, да се за ерам и да ставам трн во здрава нога бидеjќи не бевме дел со ДНК од фестивалот, но секогаш ме вознемируваат нереални хејтерски коментари и неподдршка наМк музика од луѓе кои се тотално нерелевантни и најверојатно ова им е 5мин слава – стои во неговата објава.
Пејачот додава дека му е јасно дека се работи за вкусови и дека и нему не му се допаднале сите песни, но не се дрзнал да критикува и навредува.
– Сфаќам дека се работи за вкусови, и мене многу од песните не ми се допаднаа но не се дрзнувам јавно да плукам врз нечии труд, напротив ќе дадам конструктивен совет и критика ДОКОЛКУ бидам прашан.
Она што најмногу го разлути Блажев е што Јана ги споредува лицата со поесбни потреби.
Најбедно од се е дека компарираш музика со лицата со посебни потреби,
е тоа укажува на твојот интелект и немање емпатија. Вака “слава” не се стекнува, туку само непочит од колеги ако воопшто спаѓаш во тој круг.
Објавата стана вирална, а коменатрите под објавата се нижат од секунда во секунда. Повеќето ја осудуваат пејачката за нејзиниот „неумесен коментар“.
Една корисничка на Фејсбук напишала:
Песни за посебни потреби…Сите песни се за посебни потреби, посебни емоции. Кога го боли душата човек има потреба од тажна песна, среќен кога е му се скока и му треба песна што е весела. Ете Антонија се нервира кога на жената не и вели мажот те сакам и испеа таква песна.Песните и треба да се за посебни потреби драга Јана.
Јана е пајачката која што веќе извесно време пее на плоштад „Македонија“ во ценатрот на Скопје.