Реклама
Наши ѕвезди

Пристигнуваат честитки од сите страни во семејниот дом на Тарчуловски – Соња никогаш не била поемотивна

„Не грижи си, имаме уште многу километри пред нас“, му порача пејачката на својот сопруг

Реклама

Пејачката Соња Тарчуловска (46) со емотивна објава му го честиташе роденденот на својот сопруг Јохан Тарчуловски.

Познатата фолк-пејачка во последно време често споделува интересни моменти и од нејзиното секојдневие на Инстаграм и Фејсбук, но овој пат со својата емотивна објава ги изненади сите, а најмногу својот сакан.

Секоја брчка на твоето лице раскажува некоја приказна која никој друг не може да каже ниту раскаже. Среќен 5 роденден. Сега и официјално си винтиџ модел, но не грижи си, имаме уште многу километри пред нас.

Маркетинг

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

„Те сака твојата винтиџ Соња“, напиша Тарчуловска под фотографијата со сопругот со која предизвика бројни реакции.

Маркетинг

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Потсетуваме, Соња и Јохан се во брак од 2005 година, но во црква се венчаа во 2013 година, откако Јохан беше ослободен.

Инстаграм/ Соња Тарчуловска

Тие на вечна љубов пред Бога се заколнаа во Св. Јован Бигорски, а круна на нивната љубов се трите деца – Мелани, Младен и Јоана.

На нивната венчавка тогаш присуствуваа само најблиските, а како пејачката изгледаше тога, потсетете се во продолжение….

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button