Еве како изгледа жената што му го украде срцето на Влатко Миладиноски, пејачот што цела Македонија го сака
Пејачот ужива во секој момент поминат со своето семејство
Шармантниот Влатко Миладиновски важи за еден од омилените фолк-пејачи како во Македонија, така и кај нашата дијаспора.
И покрај тоа што се уште е многу млад, многу негови песни се своевидни химни на нашиот народ и се пеат од срце и душа насекаде, а на неговите настапи секогаш сите се расположени и уживаат во неговата музика.
Но Влатко и покрај големата популарност важи за скромен млад човек, кој кога не е на своите настапи, целосно е посветен на своето семејство.
Принтскрин/ Јутјуб
Имено, Влатко во 2016 година и се заколна на вечна љубов на својата сакана Кристина со која има две ќерки, Илина и Андреа.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Неговата сопруга иако ретко се експонира во медиумите, а Влатко никогаш не криел дека семејството му е најголема поддршка.
Впрочем неговата среќа кога е со најблиските се забележува и од нивните заеднички фотографии, кои пејачот и самиот понекогаш знае да ги сподели на социјалните мрежи и сите да ги изненади.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Потсетуваме, Влатко Миладиноски е внук на легендарниот македонски фолк-пејач Војо Стојаноски кој заедно со неговиот братучед, синот на Војо, Дамјан Стојаноски, гордо чекорат по неговите стапки.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Влатко овие денови промовираше и нова песна, за Свети Наум Охридски, а истата со својата екипа му ја посвети на музичкиот чудотворец, покојниот македонски композитор Тоде Новачевски.
Принтскрин/ Јутјуб
Повеќе за новата песна на Влатко прочитајте тука...