Реклама
FashionLIFESTYLEВиралноСтил

Купила палто, а кога стигнала дома не можела да верува што ѝ се случило – тоа не е само обично парче гардеароба!

Реклама

Една девојка сподели случка што и се случила неодмана која ја направила многу среќна. Имено, таа купила користено палто од продавница за second hand  облека, но кога стигнала дома сфатила дека тоа не е само обично парче гардероба.

Станува збор за Робин Гардинер од Канада  која со ова видео стана интернет сензација. Во видеото таа откри како купила половно палто за само 35 канадски долари (околу 23 евра), што подоцна предизвикало бунило кај неа и морала да го сподели со следбениците.

Палтото ја привлекло  со карактеристичните пруги кои неверојатно постестуваат на дезенот на познатиот бренд „Hudson’s Bay“.

Маркетинг

Со цел да ги потврди нејзините сомнежи, таа ја користела функцијата Google Lens, која користи вештачка интелигенција за брзо идентификување и анализа на предметите на фотографиите.

Маркетинг

Резултатот беше неверојатен – на екранот пишуваше винтиџ волнено палто од Хадсон Беј од 1960-тите – вели радосната Робин.

Кога Гардинер ја истражуваше историјата на палтото дома, таа откри дека неговата вредност денес се проценува на 300 до 700 канадски долари (203 до 474 евра), во зависност од состојбата и зачувувањето. Нејзината радост беше уште поголема бидејќи палтото беше во речиси совршена состојба.

 

@irishgoddess0

Probably my best #thrifting find ever 🤍 #hudsonsbay #thrift #salvationarmy #finds #thriftfinds #fashion #canada #fyp

♬ original sound – Fitz&Bird🤍

 

„Сепак, нема да го продадам“, вели таа во видеото. Гардинер планира да го чува палтото како семејно богатство и во иднина да и го предаде на својата ќерка.

Видеото што го сподели на TikTok брзо стана вирално, собра повеќе од 903.000 прегледи и 21.000 допаѓања. Таа ја воодушеви интернет заедницата со своето неверојатно откритие, покажувајќи дека често може да се најдат вистински богатства при купување од втора рака.

Коментарите на корисниците ја преплавија објавата.

„Со ова откритие е како да сте добиле на лотарија“, „Само 35 долари? Родена си под среќна ѕвезда“, „Фантастично откритие“, се дел од  коментарите.

@irishgoddess0

Replying to @Ashe loved the Canadian tuxedo comment, i had to use it to reply lol

♬ original sound – Fitz&Bird🤍

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button