Влатко Миладиноски со уште една семакедонска песна – снимена во манастир, посветена на Тоде Новачевски
„Екипата на 'Велат не нема', кој на небо, кој во Австралија, кој во Македонија, повторно роди уште една искрена и семакедонска песна“ вели Миладиноски
Омилениот фолк-пејач од помладата генерација ги воодушеви сите
Фолк-пејачот Влатко Миладиноски ја изненади својата публика со нова песна која никого не остава рамнодушен.
Имено, младиот пејач пред само една недела ја најави својата нова песна, а истата откако го виде светлото на денот веднаш стана хит.
Многумина велат дека и оваа песна како и „Велат не нема“, посебно што станува збор за истата екипа, може да стане своевидна химна за Македонците, а како што самиот Влатко напиша на Фејсбук, песната е испратена од небото од музичкиот чудотворец Тоде Новачевски, а на негова музичка основа Крсте Наумовски – Мечкар, со зборови раскажува една стара легенда за чудотворецот Свети Наум Охридски.
Принтскрин/ Јутјуб
„Музичкиот чудотворец, Тоде Новачевски, од небото ни испраќа уште една песна која што ке се додаде на плејадата негови хитови.
Принтскрин/ Јутјуб
На неговата музичка основа, Крсте Наумовски-мечкар, со зборови ни раскажа една нова приказна за една стара легенда која што раскажува како му удира срцето на преподобен св Наум Охридски чудотворец на неговиот гроб во неговиот манастир во Охрид.
Принтскрин/ Јутјуб
Златко Миладиноски ги преточи звуците на инструментите во прекрасен аранжман,а јас ја имав честа да ја отпеам оваа продуховна песна!
Принтскрин/ Јутјуб
Екипата на “Велат не нема”, кој на небо, кој во Австралија, кој во Македонија, повторно роди уште една искрена и семакедонска песна.
Принтскрин/ Јутјуб
Цела екипа, искрено оваа песна му ја посветуваме на неповторливиот музички гениј, Тоде Новачески.
Принтскрин/ Јутјуб
Со архиерејски благослов од Митрополит Дебарско – Кичевскиот и Плаошки г. Тимотеј. Голема подршка и искрен благослов од Архимандрит г. Доситеј Бигорски. Благодарност до чичко Дончо за прекрасниот пречек во манастирот. Видео Х Продукција, Зати. Снимано во манастирот св Наум Охридски, напиша Влатко Миладиноски во коментарот на објавата на „Песна за Св. Наум Охридски“