Цеца го запали Дубаи, а покрај неа си блеска и Мики Секуловски – насекаде злато и невиден луксуз
Богат шеик го резервирал просторот во првиот ред
Целата сала во која по пееше Цеца е во злато, со кристални лустери и ѕидови кои се посебно дизајнирани со скапа техника.
Станува збор за специјално реновираниот клуб Вице, кој се наоѓа на само 300 метри од најпознатата зграда на светот, Бурџ Калифе. Според постоечките информации, просторот е дел од еден ексклузивен хотел од 5 ѕвезди кој блеска со вистински луксуз, а во кој сепарињата се така распоредени што секој има своја приватност.
Цеца за оваа пригода избра брутално издание во кое изгледаше минимум десетина години помладо.
Инстаграм
Имено, таа носеше кратко металик фустанче со длабоко деколте и со минимална должина со која ги истакна своите нозе.
Инстаграм
Ова издание на Цеца совршено се вклопи со раскошниот во амбиент, а на сцената покрај Цеца беше и македонската Гранд ѕвезда, Мики Секуловски, кој веќе неколку концерти гостува на нејзините концерти.
Инстаграм
Мики за оваа пригода беше облечен во виолетово сако и црни панталони и блескаше покрај сојата поранешна менторка.
Инстаграм
Како што пренесуваат медиумите, Цеца со овој настап го срушила рекордот според продадени влезници на музички ѕвезди од Балканот, а на социјалните мрежи не престануваа да се шират видеа од гламурозната забава.
Инстаграм
Инстаграм
Посебно внимание привлече и арапскиот шеик кој два месеци пред концертот го закупил централното место пред бината, не прашувајќи за цена, само да е во близина на музичката ѕвезда.