Вести

Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ како симбол за машкото здравје во Градскиот парк

Машкото здравје е во фокусот на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ во организација на dm дрогерие маркт кој ќе се одржи на 17 ноември (недела) во 11 часот во Градскиот парк во Скопје.

Реклама
Реклама

Машкото здравје е во фокусот на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ во организација на dm дрогерие маркт кој ќе се одржи на 17 ноември (недела) во 11 часот во Градскиот парк во Скопје.

Ентузијастите кои веќе се пријавија ќе возат две велосипедски рути од 100 километри и од 3,5 километри, но сите заинтересирани ќе можат да дадат поддршка за важноста на оваа тема со активноста на статични велосипеди пред Школка.

На овој простор ќе бидат позиционирани статични велосипеди кои секој посетител ќе може да ги вози, а целта е сите заеднички преку вртење на педалите да исцртаме еден голем мустаќ на голем екран и се даде поддршка за оваа кауза.

Маркетинг

Водител на севкупната активност ќе биде актерот Игор Ангелов кој ќе ги мотивира и охрабрите Movember поддржувачите. Секој што ќе учествува ќе добие бројче, а по настанот ќе се одржи и извлекување на кое најсреќните ќе добијат подарок.

Маркетинг

Дополнително, сите присутни ќе имаат можност да дегустираат вкусни и органски dmBio закуски подготвени од Симона Коруновска – instanutricionist. Воедно, ќе има и посебно катче каде секој ќе може да ја среди брадата или мустаќите со искусен бербер!

Од компанијата порачуваат дека без разлика дали пуштате мустаќи или едноставно започнувате разговор, важно е да се вклучите во овој настан за сите заедно да помогнеме да се скрши стигмата околу машкото здравје и да се создаде иднина каде што мажите живеат поздрави и подобри животи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button