Во последните години за 10 до 15 отсто се зголемува свесноста за машкото здравје. Секако има одреден процент на пациенти коишто на лекар се јавуваат многу доцна, но бројот на овие случаи, иако бавно, се намалува. Мажите над 40 години најчесто имаат проблем со зголемување на простатата и раниот карцином на простатата. Најновите истражувања велат дека скринингот и раното откривање на ракот на простатата треба да почне од 40 година бидејќи првите промени се откриваат преку едноставен лабораториски тест – ПСА – и со ректален преглед.
Ваш Термин- емисија за здравство
1.Ракот на простата е најчестиот тип на рак кој се јавува кај мажите. При рана дијагноза голем процент од пациентите имаат веројатност дека ќе го надминат, ризикот кај овој тип на рак постои поради тоа што во раните фази на неговата појава не покажува симптоми што би значело дека кај ова заболување мажите би биле свесни се додека истото не започне да предизвикува проблеми со уринирањето или да влијае врз сексуалната функција. Годишната стапка на смртност на 100.000 луѓе од рак на простата во Македонија е 7 до 10 заболени лица. Превенцијата би значела поголема свесност за постоењето на овој здравствен ризик и редовни проверки и тестови. Карциномот на простатата е индивидуална и непредвидлива болест, чиј малиген потенцијал не може секогаш да се предвиди. Обично тоа е споро растечки тумор кој се развива со години. Многу постари мажи имаат карцином на простата без присутни симптоми и водат нормален начин на живот. Ракот на простатата може да се открие со обичен ректален преглед, преку ехо-дијагностика или со тумор-маркери.
Рaната дијагноза и неговата навремена терапија доведува до целосно излекување дури во 98 % од заболените. Токму поради ваквата висока стапка на преживување во раните стадиуми на болеста, се препорачува, секој маж над 50-та година, без разлика дали има проблеми со мокрењето, да отиде еднаш до два пати во годината на преглед. На тој начин ќе се овозможи навремено и успешно излекување на карциномот.
2. Освен рак на простата мажите се соочуваат и со еректилна дисфункција, машки климактериум, ќелавост, ХПВ, кардиоваскуларни болести, стрес, ‘рчење. Ракот на тестисите е исто така сериозен здравствен проблем со кој се соочуваат мажите. Во согласност со податоците на Светската здравствена организација во Македонија има стапка на морталитет од 0.9% на секој 100.000 жител, и стапка на појава од 4.5%.и главно ги погодува младите меѓу 20 и 35 години. Друг проблем е плодноста, а важно е што сите причинители може да се откријат на оваа возраст и да се третираат, за навремено да се спречи неплодноста. Честа појава што влијае на плодноста е варикоцелата, која кај многу мажи не дава симптоми, но ја намалува плодноста, а доколку се открие навреме, многу лесно се лекува со едноставна хируршка интервенција. Многу е подобро мажите пред стапување во брак со едноставен уролошки преглед да ја проверат својата плодност за потоа да немаат проблеми. Еректилната дисфункција, најчесто е од психогена природа , ако се исклучи дијабетес, невролошки испади, хормонски дебаланс. Најголем процент се млади момчиња кои немаат ерекција е поради психичка траума. Најчесто станува збор за нереализиран сексуален однос, некоректно однесување од некоја девојка кое остава долготрајни последици кај момчето. Тие се затвораат психички, па ова им станува реален проблем. Денес постојат модерни протоколи на лекување и многу брзо овие пациенти излегуваат од затворениот круг што самите го создале.
3. Во последните години за 10 до 15 отсто се зголемува свесноста за машкото здравје. Секако има одреден процент на пациенти коишто на лекар се јавуваат многу доцна, но бројот на овие случаи, иако бавно, се намалува. Мажите над 40 години најчесто имаат проблем со зголемување на простатата и раниот карцином на простатата. Најновите истражувања велат дека скринингот и раното откривање на ракот на простатата треба да почне од 40 година бидејќи првите промени се откриваат преку едноставен лабораториски тест – ПСА – и со ректален преглед. Простата е единствен орган во нашето тело кој можеме да го допреме и да видиме какви промени се случуваат – преку дебелото црево можеме да ја прегледаме оваа жлезда и рано да ги откриеме сите промени во нејзиниот состав. При овој преглед многу ни помага и ултрасонографијата, особено доплер ултрасонографијата со која секоја зголемена васкуларизација на некој ран туморски процес се детектира и во најрана фаза. Ако има промени, се прави биопсија да се открие дали има тумор. Kај нас биопсијата се изведува со ултрасонографија, доплер сонда. Со неа директно се гледа простатата, нејзината васкуларизација и се гледа каде е јазолот, се земаат парчиња од тоа место и истите ги анализира тимот од патохистолошката лабораторија. Во рок од 48 часа имаме дијагноза дали е карцином на простата или не. Ова е светски протокол за рано откривање на карциномот на простатата, кој, за жал, е во огромен пораст, а многу лесно се лекува ако навреме се открие.