Реклама
FashionНаши ѕвездиСтил

Спасен секогаш е како манекен што излегол од модна писта – Ни откри кој се грижи за неговиот изглед

Реклама

Познатите личности треба многу да внимаваат на своето однесување, што зборуваат, но и како се облекуваат и како целокупно изгледаат физички. Тоа игра голема улога во нивната кариера, но и со самото тоа што имаат влијание врз нивните фанови тие треба да претставуваат еден добар пример за јавноста.

Физичката активност, односно, нивниот добар физички изглед допоплнително влијае за да привлечат внимание.

Еден од најатрактивните пејачки кај нас е фолк пејачот Спасен Силјаноски.

Маркетинг

Спасен и покрaj тоа што стана популарен поради тоа што има специфичен глас, харизма и убава енергија, тој е вистинска даса кога ќе се појави некаде.

Маркетинг

Неговата појава навистина плени и не може да остане незабележан.

Спасен е секогаш дотеран по најнова мода, на сите настапи тој е како излезен од модна писта. Убави костими,  никогаш не е облечен во исто, носи софистицирани вратоврски, елегантни кошули, чевли од најнова мода.

 

Во суштина, пејачите треба да имаат стилист кој ќе се грижи за нивните јавни појавувања, како за концерти, настапи, телевизиски гостувања… артистот не треба да се заморува за тоа. За разлика од надвор, кај нас праксата го зборува спротивното, ретко кој уметник ангажира стилист.

 

Го прашавме Спасен кој е задолжен за неговиот стил и тој ни го даде следниот одговор:

За мојот изглед се грижам сам, но со сугестии од мојата сопруга. За настапи секогаш носам костум, најчесто тоа е од TIVES.  Приватно се облекувам многу поразлично, најчесто ќе ме видите кежуал, сопртски, обожавам тренерки – изјави за „Гламур“ Спасен.

 

Кој би рекол дека овој пејач нема тим зад себе, нели?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button