Реклама
Вести

Здравјето си го изгубивме, сопругот ми почина на капија пред ЈСП – Елизабета си ја отвори душата за состојбата на претпријатието

Реклама

ЈСП ми тече во жилите, татко ми беше вработен тука, јас еве веќе 38 години цел живот го поминав во ЈСП, тука и го запознав сопругот, имавме една идила, за тој од грижи и нервози да умре пред капија на ЈСП – вели Елизабета Тошевска – претседател на синдикална организација и долгогодишен работник во Јавното сообраќајно претпријатие.

Принтскрин Јутјуб

 

Таа беше гостинка во емисијата „Претрес“ кај новинарот Кристијан Ландов, кој пред неколку дена организираше „Собир пред Град Скопје“.

Маркетинг
Принтскрин Јутјуб

Елизабета цел работен век го посветила во ЈСП од хегиеничарка до диспечер и денес на две години пред пензија поминува низ голгота заедно со останатите колеги откако последните години бродот на ЈСП се повеќе тоне.

-Претходо со колега дадовме изјава за друг медиум, веднаш по тоа почнаа притисоци, закани и за мене и за колегата, не прераспределија на на друга работната позиција од повисока на понсика фунција. Затоа и сега по ова интервју се плашам, се плашам, ама не можам повеќе да молчам и за себе и за сите колеги – вели таа.

Маркетинг
Принтскрин Јутјуб

По ова поднеле приговори до институциите и на крајот во тој случај се задоволни каков бил исходот во нивна полза.

Тошковска си ја отвори душата пред јавноста и раскажа за тоа како нејзиниот сопруг со кој се запознале во ЈСП и тој бил вработен таму, имале среќен брак, го загубила пред неколку години поради тоа што не можел да ги издржи проблемите на работа.

Од притисоци и проблеми човекот не издржа, пукна и тоа умре на капија во ЈСП!

Принтскрин Јутјуб

Таа има безброј тужби кон ЈСП кои се влечат од 2016 година. Таа и покојниот сопруг тужеле за правото за  К-15, право за годишен одмор, открива дека имала и многу закани за да се откаже од тужбата, но била упорна и храбра и не се откажала, добила на суд, но била деградирана на работа и ја спуштиле на многу понсика позиција од тоа што работела. Била помлад диспечер, а ја ставиле на Транспортен да биде снимач на возила.

-Веднаш тужев и за деградирање од работно место, ја добив и таа тужба. Со извршител успеав повторно да се вратам на старото место. Третата тужба ми беше за право на личен доход. И покојниот сопруг беше обинет за некои баланли ситуации, но на суд ги доби и тој. Набргу потоа ненадејно сопругот почина и тоа на капија пред ЈСП, од фирмата.  Не добивме жолта банка со образложение дека колетивното осигурување не важело за смрт по основ на болест, ако било повреда ќе имало обештетување. Нормално дека тужам и за тоа и досега законот е на моја сгтрана, се надевам и з аова ќе биде – вели таа.

Принтскрин Јутјуб

Вработените трпат сериозни полседици, открива Тошковска  и не смеат да отворат уста.

Елизабета апелира до граѓаните да ги почитуваат шоферите и да не им прават стерс.

Погледнете го целиот разговор од 54:48 минута.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button