Потресни зборови на сестрата на Теодора на која и се ампутирани нозете: „Те чекаме, бебето најмногу“
„Бори се лавице моја, бори се лебеду мој бел“, пишува сестрата на една од повредените во несреќата во Нови Сад.
Трагедијата што се случи на 1 ноември на Железничката станица во Нови Сад кога настрешница од неколку стотини тона се сруши врз луѓето што во тој кобен момент чекале превоз, се уште ги потресува сите.
Во несреќата загинаа 14 лица меѓу кои имаше и деца (види тука), а три лица се тешко повредени и се уште во животна опасност.
Една од нив е и младата 23-годишна мајка Теодора Мартинко од Кисач за која докторите се уште се борат.
Принтскрин/ ТикТок
Како што пренесуваат медиумите, на оваа млада мајка која дома ја чека нејзиното бебе и биле ампутирани и двете нозе.
Покрај нозете отстранет и е и дел од карлицата и се уште се наоѓа во критична состојба, пишува порталот „Република.рс“.
На социјалните мрежи многумина се огласуваат со зборови на поддршка за оваа мајка која дома ја чека нејзиното едногодишно бебе, а се шири и песна што нејзината сестра ја напиша и ѝ ја посвети.
Фејсбук
„Живеам за денот кога повторно ќе ја видам твојата насмевка, кога повторно ќе те гушнам животу мој.
Бори се лавицо моја, бори се лебеду мој бел, се уште ни требаш на сите нас, а најмногу на Стела.
Фејсбук
За твојот живот сите на Господ му се молиле, и знај дека сите те чакеме и сакаме“, се дел од стиховите на оваа песна.
Фејсбук
Инаку, Теодора била студентка по медицина и имала само десетки, а на Фејсбук се шири и една емотивна песна што ја напишала нејзината класна учителка со молитва побрзо да оздрави.
„Само ти разбуди се… Ја паметам нежноста во твоите сини очи, бистриот ум, блискоста со сите другари
Господ е голем…
Фејсбук
Ти уште ќе ни ја даруваш твојата насмевка блескава, душата ми вели, чувствувам, јас верувам во тоа… Ти уште со својот сакан во прегратки ќе сонуваш, со чедото мило спокојни денови ќе нижеш, ќе мирисаш цвет, рацете кон сонцето ќе ги шириш, поместувајќи ги световите, ќе посакуваш многу, сé ќе направиш.
Само разбуди се од тој мрачен сон, твојата волшебна насмевка ти подари ни ја, облаците тмурни да ги растури, темнината тешка, што се заканува и не плаши, од душите ни ги избрка, тргне…
На Теодора, мојата поранешна ученичка, тешко повредена во несреќата што се случи на Железничката станица во Нови Сад“.