Приказната за бабата на нашата пејачка ќе ве остави без зборови – и на 92 години работи и се грижи за сите
Пејачката на својата баба и направи вистинско изненадување...
Пејачката ги воодушеви сите
Марија Тодоровска попозната како Марија Луиса замина вод Скопје во Битола за да го прослави роденденот на својата баба.
Познатата фолк-пејачка реши да ја изненади својата баба, па за нејзиниот 92. роденден направиja мала прослава во нивниот дом.
Па така покрај цвеќето, Марија својата баба ја изненади и со торта, а потоа ја снимаше додека ги дува свеќичките.
Инстаграм/ Марија Луиса
„Душа моја, биди најсреќна. Среќен роденден бабо моја, напиша Марија врз снимката што ја сподели на Инстаграм.
Инстаграм/ Марија Луиса
Но покрај роденденот на својата баба, Марија имаше уште една причина за славење, па на своите им приреди незаборавна забава.
Инстаграм/ Марија Луиса
Имено, нејзиното семејство славеше куќна, па Марија викна и музичари кои ги кренаа сите гости на нозе.
Инстаграм/ Марија Луиса
Таа во еден момент дури и се качи на столчињата и почна да ги кити музичарите со пари, додека останатите ја снимаа.
Инстаграм/ Марија Луиса
Облечена во црни фармерки и црна ролка Марија не ја тргаше насмевката од лицето, а највесела секако беше нејзината баба.
Инстаграм/ Марија Луиса
Потсетуваме, Марија речиси секогаш кога ќе се врати во својот роден крај ќе сними видео и со својата бабичка.
Таа во една пригода откри дека нејзината баба иако има 92 години се уште се грижи за својата бавча и секое утро, откако знае за себе, работи. И без разлика дали тоа е во бавчата или нешто по дома, оваа старица тоа го прави со љубов покажувајќи дека иако животот никогаш не ја галел, нејзиниот дух ништо не успеало да го скрши.
Инстаграм/ Марија Луиса
Снимките што Марија тогаш ги објави исто така ги воодушевија сите, а повеќе за нашата позната пејачка и нејзината 92-годишна баба која е жив доказ дека работата го краси човекот прочитајте тука…