Млада девојка од Македонија со својот неверојатен глас го воодушеви Балканот – си имаме нова ѕвезда!
Македонците навистина имаат неверојатни пејачи, коментираат под нејзиното видео на Јутјуб
Младата Македонка никого не остави рамнодушен
Младата пејачка од Македонија, Луна Бејков, се појави во новата епизода од „Ајдиџеј-шоу“ и буквално растури на сцената.
Претставниците на жирито беа воодушевени од неа, а Дарко и порача дека целиот се наежил и дека звучела фантастично.
И сите останати се согласија со него, а Наташа коментираше дека Луна блескала и изгледала божествено, па и таа се наежила.
Инстаграм/ Луна Бејков
„Ќе бидам отворена, јас многу би сакала ти да бидеш во мојот тим. Ти мора да поминеш. Тие не смеат да кажат, но јас смеа, ти мора да поминеш“, го коментираше искрено Наташа настапот на Луна.
Инстаграм/ Рола до бола
Потсетуваме, Луна е 18-годишна девојка која со својот моќен глас го воодушеви целиот Балкан откако се појави во ова шоу.
Таа ги изненади сите и со својата приказна кога откри дека нејзиното семејство не било свесно за нејзиниот музички талент се додека не се пријавила во овој натпревар кој целосно ја променил. „Ми беше срам да пеам, се додека не се пријавив за овој натпревар“, истакна Луна откривајќи дека нејзината мајка прв пат го слушнала нејзиниот глас додека вежбала за аудиција.
Принтскрин/ Јутјуј, Ајдиџеј-шоу
И кога ја испеала првата песна пред својата мајка, таа била пресреќна. Почнала да плаче, не можела да верува колку убаво пее нејзината ќерка.
Инстаграм/ Луна Бејков
И како што самата открива, нејзината мајка се уште не е потполно опуштена, но таа се обидува со своите настапи да ја умири.