Реклама
Наши ѕвезди

Пријателот на Лила распали по нашите инфлуенсери – УМИСЛЕНИ ФАЦИ, престанете да п*дите (фото)

Познатиот водител на временска прогноза ги изненади сите со еден од своите последни коментари

Реклама

Ова никој не го очекуваше…

Пријателот и колегата на Лила Филиповска, Спасе Јовановски, познат како „Рола до бола“ на Инстаграм, сподели интересен коментар на Инстаграм во врска со претседателските избори во Америка.

Замисли на СВЕТСКО ниво колку се станати небитен фактор јавните личности! Една БИЈОНСЕ со светска кариера и 314м следачи на инстаграм, еден крал на рапот Еминем со цела гарда фанови, со 50м следачи на инста. РИЈАНА, Обамови, Лејди Гага, Џенифер Анистон, Леонардо Ди Каприо, Тејлор Свифт, Били Ајлиш… Све А класа која кога ќе собереш ги следат МИЛИЈАРДИ на социјални медиуми.

Маркетинг

Инстаграм/ Рола до бола

И со таква АГРЕСИВНА кампања не успеаа да и ја донесат победата на Камила Харис на претседателските избори.

Маркетинг

Огромен пораз!

Така да вие УМИСЛЕНИТЕ јавни фаци, овде меѓу 300.000 народ што сте уфилмани дека сте некој битен фактор ве молам, да престанете да п*дите! Фала, напиша Спасен.

Принтскрин/ Фејсбук

Пријателство како на филм

Потсетуваме, Спасе Јовановски веќе со години е многу добар пријател со познатата водителка Лила Филиповска, но и еден од главните „виновници“ за многу нејзини фотографии.

Инстаграм/ Рола до бола

Во една пригода Спасе самиот откри како е да се биде близок со една од нашите најпознати дами, но и дали тие некогаш се скарале. И како што вели, тој и Лила се познаваат речиси цели две децении и секако дека имало моменти да се налутат еден на друг, но тоа секогаш минува многу брзо. А сите знаеме дека вистински пријател тие оној со кого понекогаш можеш и да се скараш, но и да му се извиниш кога не си во право и потоа како ништо да не било.

А пријателството на Лила и Спасе е токму такво, вистинско, но истовремени како и на филм, бидејќи и двајцата живеат динамично.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Еве што ни откри Спасе во една пригода на оваа тема:

„Со Лила во еден ден може да ти се случат неколку случки и тоа пишувани како под некое филмско сценарио“ изјави Спасе и додаде:

Ние се познаваме 18 години, секако дека имало недоразбирања и да се налутиме, но тоа минува многу брзо бидејќи не дозволуваме настанатиот проблем да не навјаса, седнуваме, согледуваме, се извинуваме и продолжуваме понатаму.

Инстаграм/ Лила Филиповска

„Лила е мојот ментор, јас сум оној што има краток фитиљ, што е избувлив, кој не трпи неправди, сакам да се расправам кога не се другите во право, терам инаети, а она… Знае некогаш само да ме погледне и со поглед да ми каже дека нема потреба од сета таа драма, се ќе се среди кога најмалку очекуваш“, изјави Спасен за Гламур магазин.

Целото интервју со Спасе прочитајте го тука.

Бонус видео

Инстаграм/ Лила Филиповска

Лила и Спасе „фатени“ во акција

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button