Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната фолк-пејачка направи прослава за која зборуваат сите – цело семејство распеано и среќно

Ова беше посебен ден за Зуица, но и за целото семејство

Реклама

Одлична забава за јубилејниот роденден

Пејачката Зуица Лазова го прослави својот јубилеен 50.роденден заедно со најблиските во еден познат ресторан.

Пејачката за оваа пригода избра златен фустан во кој блескаше, така што ретко кој би поверувал дека на тортата е бројот 50.

Маркетинг

На роденденот покрај сопругот Наум, ќерката Македонка и синот Стефан, беше и свекрвата Анастасија Петреска за која пејачката вели дека во последните 18 години се грижи за неа како да и е вистинска мајка.

Маркетинг
Фејсбук

Пејачката многу пати досега има истакнато дека има одличен однос со нејзината свекрва која се грижи за сите нив.

Таа го чува своето чедо Наум, но се грижи и за снаата, а бидејќи мајка и починала рано, Зуица кон свекрвата се обраќа со зборот Мајче и навистина ја чувствува како мошне блиска.

Фејсбук

Покрај семејството и пријателите, Зуица на прославата собра и голем број колеги, а прославата воедно беше промоција и на нејзините нови пет песни во склоп на проектот „5 за 50“ во кој соработува со целото семејство.

 

Песната „Симпатија“ ја пее со ќерката Македонка, додека со свекрвата ја испеа „Ќе ти купам широк фустан Зуице“.

Од друга страна во песната „Даме комита“ со која Зуица настапи и на Прилеп фест пее и нејзиниот син Стефан, како и сопругот Наум.

Покрај Зуица, на многумина вниманието им го привлече и нејзината ќерка која порасна во вистинска убавица, како и синот Стефан.

Внимание привлече и мајката на Наум, Анастасија, со која Зуица ја испеа една од петте нови песни од овој проект.

Потсетуваме Зуица и Наум се заедно скоро две децении и круна на нивната љубов се нивните две деца, Македонка и Стефан.

Тие долго време не беа во брак, па решија тоа да го направат во јули 2020 кога склопија граѓански брак и се заколнаа на вечна љубов пред Бога. Како што Зуица откри за Гламур, тоа го направиле онака како што сакале отсекогаш, без премногу публицитет.

Но и покрај тоа што венчавката беше интимна, таа не беше тајна, па веста дека стапиле во брак ги изненади нивните фанови.

Инстаграм

Што се однесува до тоа како денес функционира нивниот брак и која е тајната на нивната љубов, Зуица во една пригода за Гламур откри дека главниот двигател е вистинската љубов, но и меѓусебното разбирање, трпеливоста, довербата…

Инстаграм

„Љубовта те учи да го прифатиш партнерот со сите негови доблести и мани и во мир да научиш да живееш со нив“, изјави познатата пејачка во една пригода за Гламур магазин додавајќи дека сите нивни маани и доблести се надополнуваат една со друга и затоа нивниот брак и денес функционира одлично.

Целото интервју со Зуица прочитајте го тука...

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button