И банкарот и Лила во шок од она што го кажа гостинката во емисијата – Македонијо, што ти се случува?!
Она што го кажа оваа жена е и смешно, но и трагично во исто време. Погледнете за што станува збор
Повторно вирално видео од познатиот квиз
Популарното квиз-шоу „Се или нешто“ што веќе со години го води Лила Филиповска важи за една од најгледаните емисии.
Македонските гледачи обожаваат да гледаат како натпреварувачите се борат да освојат што поголема сума на пари, а многу пати се случува гостите да раскажат некоја интересна случка од нивните животи.
Така беше и со оваа натпреварувачка која раскажа една необична случка што и се случила во нашите здравствени институции.
Принтскрин/ ТикТок, Сител
Како што откри таа, наводно на неа во еден момент докторите и дијагностицирале рак, за да непосредно пред да и направат операција откријат дека во прашање е бременост и дека нема никаков канцер.
Принтскрин/ ТикТок, Сител
„Твојот рак има раце и нозе“, и кажал докторот на Марија, а како сето тоа се случило погледнете во продолжение…
@sitel.televizija И кажале дека има карцином а уствари била бремена 😢
Потсетуваме, вистински хит е и видеото со Крсте кој со својата искреност во шоуто на Лила исто така никого не остави рамнодушен.
Принтскрин/ ТикТок, Сител
Имено, кога водителката го праша зошто се пријавил Крсте и одговори за да земе некој денар, околу 40.000-50000 денари.
На прашањето на водителката зошто баш толку пари, Крсте одговори дека му требаат за гробно место.
„Молам? Зошто?“ го праша збунето Лила.
Принтскрин/ ТикТок, Сител
„Па, за да си земам гробно место. Сите зедоа, комшиите…“ вели искрено човекот и ги насмеа сите во студиото.
Како изгледаше и овој момент, потсетете се во продолжение…
@sitel.televizija Ако не ги даде банкарот парите не умирам и готово 🤣