Сопругата на Спасен Сиљаноски објави фотографија што многумина растопи – богатство што не се купува
Некои работи не се купуваат со пари, а вредат многу повеќе од најголемото богатство на овој свет
Сопругата на нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски, Ана Сиљаноски, ги изненади сите со фотографијата што ја сподели.
Имено, Ана заедно со нивниот син решија да го искористат убавото сончево време и да се прошетаат во природа, но и да го споделат овој момент и да покажат на социјалните мрежи како уживаат.
Фотографијата веднаш привлече внимание, а многумина коментираа дека наследникот личи на својот татко.
Фејсбук
Не е познато дали Спасен ја направи фотографијата или сестричката Мила, но сите се согласни дека сопругата на Спасен изгледа одлично и во едно вакво опуштено издание.
Фејсбук
Потсетуваме, Спасен никогаш не криел дека е најсреќен кога е со своето семејство и кога има sслободно време да си игра со децата.
Фејсбук
Тоа впрочем може да се види и од неговиот Инстаграм профил каде често објавува заеднички моменти со своите деца, а во една пригода на својот профил на социјалните мрежи ќе напише:
„Луѓето со кои се опкружувате, оние кои ве поддржуваат во секоја ситуација, се навистина бесценети. Токму поради ова треба да го цените секој момент кој можете да го поминете со вашите сакани, односно со вашето СЕМЕЈСТВО. Секоја секунда помината со вашето семејство е посебна“, напиша искрено тогаш еден од нашите најпознати фолк-пејачи.
Повеќе фотографии од него погледнете во продолжение…