Реклама
Вирално

Целиот Балкан плаче за младата мајка што беше тешко повредена во Нови Сад – бебето се уште ја чека

По страшната несреќа една нејзина наставничка напишала и песна за неа, која сега многумина ја споделуваат на социјалните мрежи.

Реклама

Целиот регион беше во шок кога се случи страшната несреќа

На 1 ноември во Нови Сад се случи страшна несреќа кога огромна бетонска настрешница падна на Железничката станица.

Во моментот на несреќата загинаа 14 лица од оние што во тој кобен момент го чекале својот превоз и се затекнале под настрешницата, а за три лица докторите се уште се борат.

Маркетинг

Меѓу повредените е и младата мајка Теодора М. од Кисач која што дома ја чека нејзиното едногодишно бебе.

Маркетинг
Принтскрин/ Социјални мрежи

Како што пренесуваат медиумите, Теодора била студентка по медицина во Нови Сад, со сите десетки во индексот.

Како што раскажуваат очевидци, мајката додека била под големиот бетонски столб цело време го повикувала своето дете.

Таа ги замолила спасителите што се обидувале да ја извлечат од рушевините да и пренесат на нејзината ќерка дека многу ја сака.

Принтскрин/ Социјални мрежи

„Жената која што беше тешко повредена во несреќата на Железничка станица во Нови Сад додека се уште била под големиот бетонски столб кажала дека дома има мало дете од година дена и ги молеше спасителите на нејзината ќерка да и пренесат дека нејзината мајка многу ја сака“ пишува на социјалните мрежи.

„Оваа млада жена е извлечена после подолго време и во тешка состојба е пренесена во болница. Нејзините нозе и раце речиси целосно биле смачкани, Господе спаси ја“, пишува на Тик Ток.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Тешките повреди на оваа млада девојка ја навеле нејзината класна учителка да напише песна за неа со молитва побрзо да оздрави.

„Само разбуди се… Ја паметам нежноста во твоите сини очи, бистриот ум, блискоста со сите другари

Господ е голем…

Ти уште ќе ни ја даруваш твојата насмевка блескава, душата ми вели, чувствувам, јас ветувам во тоа

Ти уште со својот сакан во прегратки ќе сонуваш, со чедото мило спокојни денови ќе нижеш, ќе мирисаш цвет, рацете кон сонцето ќе ги шириш, поместувајќи ги световите, ќе посакуваш многу, но сé ќе направиш.

Само разбуди се од тој мрачен сон, твојата волшебна насмевка ти подари ни ја, облаците тмурни да ги растури, темнината тешка, што се заканува и не плаши, од душите ни ги избрка, тргне…

Принтскрин/ Социјални мрежи

На Теодора, мојата поранешна ученичка, тешко повредена во несреќата што се случи на Железничката станица во Нови Сад“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button