Реклама
Наши ѕвезди

Џамбазов ги крена Македонците од Канада на нозе – во публиката беше и дамата што си ја сака најмногу

Му недостасуваше Ферхунде на ова патување, ама затоа си ја сретна жената што најмногу си ја обожава

Реклама

Настан за паметење за Македонците од Онтарио

Нашите кралеви на блузот Игор Џамбазов и Гуру Харе им приредија одлична забава на иселениците од Македонија во Канада.

Имено, Џамбазов заедно со блуз-виртуозот Гуру Харе (Игор Атанасовски) со многу емоции одржаа концерт за паметење во Торонто. За концертот се бараше влезница повеќе, а главен виновник за настанот беше Скопското друштво од Торонто, Канада, пишува во весникот Македонија, гласилото на нашите иселеници што живеат во Северна Америка.

Маркетинг

Како што пишува овој иселенички весник, Игор концертот го започна со интерпретација на македонската химна во блуз стил, што посебно ја воодушеви публиката. Преполната сала беше исполнета до последно место, а од подиумот Џамбазов имаше поддршка и од неговата сестра Тања која долги години живее во САД.

Маркетинг
Инстаграм/ Игор Џамбазов

Потсетуваме, Џамбазов и Гуру Харе со овој концерт прославија 30 години заедничка работа и „преку барата“.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Како што самиот Џамбазов во една пригода за Гламур откри, пријателството со Гуру Харе започнува некаде на крајот од 80-те, додека Атанасовски настапуваше со „Банкрот блуз бенд“, а Џамбазов со гитарата ги свирел најголемите хитови на југословенскиот рок.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Некоја година подоцна настапивме на истиот „Макфест“, тие со „Моја гитаро“, јас со „Време за плачење“, и тука некаде тргна дружбата која круниса со негово гостување на мојот прв албум, каде што отсвири соло за мојот прв блуз што се осмелив да го објавам. „Тие“. И ден денес со радост ја свириме. А текстот е како вчера да сум го напишал. И така почнавме. Ја направивме и „Да си жив и здрав, па Спиро блуз…создадовме бенд и почнавме со концерти. И така 30 години…“, откри во една пригода Џамбазов за Гламур.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инаку, Џамбазов откако замина на турнејата цело време на својот Инстаграм споделува моменти од своите доживувања.

И во едно од своите први објави, Игор сподели:

„Сè е под контрола. Само што ми фали Ферхунде. А по малку и вие … Чувајте ми ја Македонија, барем до понеделник. Во вторник се враќам“, напиша Игор Џамбазов непосредно пред концертот на својот Инстаграм.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Инстаграм/ Игор Џамбазов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button