Мики Секуловски со апел за помош на Фејсбук – да помогнеме малата Ања побрзо да оздрави
Ајде да ја покажеме нашата хуманост на дело
Потребни сме му на ова мало девојче…
Македонскиот пејач Мики Секуловски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ се обрати до јавноста преку социјалните мрежи со апел за помош на едно бебенце од неговиот роден град.
Мики на својо профил на Фејсбук сподели фотографија од малата Ања на која и беше направена тешка операција во Истанбул, па на нејзините родители моментално им фалат средства за нејзино лекување.
Во апелот што го сподели Мики пишува дека Ања имала трансплантација на црн дроб од нејзиниот татко, но заради долгото лекување и операцијата направена во странство, родителите веќе се финансиски исцрпени и за прв пат се решаваат да побараат помош од хуманите луѓе од Македонија, но и од секаде во светот.
Фото: Фондација Икрауд
„Фала му на Бога, трансплантацијата беше успешна и сега Ања закрепнува во Турција каде ќе продолжи со целата рехабилитација. Многу е важно рехабилитацијата да се одвива континуирано и без застој, но за тоа се потребни големи финансии кои за жал во моментов родителите ги немаат“, пишува во апелот за помош на Ања која има само десет месеци.
Инстаграм
Па, на малата Ања и е потребна нашата помош. Вашето малку за неа значи многу, а тоа може да го направите на следниот линк.
Кликнете тука за линкот за донации >>
Фото: Фондација Икрауд
Ве молиме и да го споделите апелот, како истиот би стигнал до што поголем број на хумани луѓе.
Однапред ви се заблагодаруваме…