Пејачката со новата фризура ги изненади Македонците во Австралија – шок промена, како во младите денови
Преку ден учителка, навечер - „жива ватра“!
Нашата позната фолк-пејачка се пофали со нова фризура со која веднаш предизвика лавина од реакции кај своите фанови.
Познатата фолк-пејачка, Татјана Лазаревска, отсекогаш привлекувала внимание со својата појава и интересни модни изданија.
Таа сега ја покажа својата нова фризира, а позираше со насмевка на лицето и сликите ги сподели на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
„Подготвена за вечерва“, напиша таа под овие фотографии, а од коментарите може да видиме дека нејзината фризура ги воодушеви сите.
Маркетинг
Татјана веќе некое време носи кратка руса коса, која често ја стилизира на најразлични начини, а во текот на својата кариера често ја има менувано и бојата, така што речиси нема нијанса која што досега, во текот на својата кариера, не ја пробала.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Таа со ова свое ново-старо издание се појави на еден настап, а внимание привлече и со светкавиот комплет што го носеше.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Пејачката потоа сподели и една фотографија од плажа, откривајќи како се опушта и ги полни батериите по напорниот викенд.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Потсетуваме, Татјана минатата година прослави 20 години брак со нејзиниот партнер Новица Василевски.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Тие од овој брак ги имаат децата Петар и Стефан, со кои пред десетина години се преселија во Австралија.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Познатиот музички пар таму продолжи и со нивните заеднички настапи, а како што самата Татјана откри во една пригода за „Слободен печат“, цело семејство работи од понеделник до петок и има редовна работа во Мелбурн. Татјана работи како учителка во детска градинка, а Новица вози автобус во јавен транспорт.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Потоа, во текот на викендите, тие заедно настапуваат на прославите на нашинците низ цела Австралија, а како Татјана изгледа и во ова издание, погледнете во продолжение…