Реклама
Наши ѕвезди

Момче од Македонија со својата тажна животна приказна ја расплака Цеца – на сите им се насолзија очите

Цело студио беше во солзи кога баба му на Бојан ја раскажа неговата приказна во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега се имаат појавено многу млади пејачи од Македонија.

Но еден настап ќе остане запаметен како еден од најтажните кога судбината на младиот пејач кој се појави на сцената никого не остави рамнодушен. Станува збор за Бојан Илиевски кој тогаш имаше 22 години, а во шоуто се појави пред речиси две години.

Бојан тога беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а посебно емотивен беше моментот кога неговата баба која беше дојдена да го поддржи во натпреварот, откри дека тој нема родители.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Јас сум му баба од страната на мајка му. Тој нема ни татко ни мајка, јас сум му единствената поддршка. Му починаа и таткото и мајката“, изјави тогаш неговата баба која не можеше да ги сопре солзите.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Ова беше премногу емотивен и за самиот Бојан кој исто така заплака, а со солзи на очите беше и неговата менторка.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„И на Цеца и тргнаа солзите, не е лесно, не е едноставно. Специфична е ситуацијата, но Бојан, види, ‘Ѕвездите на Гранд’ се едно големо семејство, според тоа доби едно големо семејство, многу пријатели, труди се и ти честитаме што помина во вториот круг“, му порача тогаш Поповиќ и го пушти да помине во следниот круг од шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, посебно емотивен беше моментот и кога Поповиќ две години претходно го прогласи Махир Мулалиќ за победник.

Инстаграм

Неговата мајка почина додека тој се натпреваруваше во шоуто, па така Махир победата и ја посвети на неа.

Инстаграм

Пејачот тогаш објави и фотографија од мајка му, а од пораката што ја напиша на многумина им се насолзија очите.

„Ти беше и остана наше светло… Нашиот победник… Зрачеше со ведрина која што малкумина ја имаат… Убаво зборови, добри дела, скратување на своите желби за да на другите им пружиш сé што беше во твојата моќ… Уште многу работи убави би сакал да кажам, но ќе го оставам тоа за нашата идна средба. Те сакам МАЈКО“, напиша победникот тогаш на својот Инстаграм посветувајќи ја својата победа на мајка му.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button