Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка се огласи од болничка постела – фановите загрижени, докторите и забранија да зборува

Драма во животот на нашата позната фолк-пејачка

Реклама

Нашата позната фолк-пејачка ги загрижи своите фанови

Познатата фолк-пејачка Адријана Ацевска сподели фотографија од болнички кревет со инфузија во раката.

Адријана врз фотографијата што ја сподели напиша и порака дека докторите буквално и забраниле да зборува, па ги замоли сите да не и се јавуваат на телефон, туку да комуницираат преку пораки.

Маркетинг

Пејачката дури и се пошегува на своја сметка, прашувајќи ги сите како изгледа совршена жена, а потоа и сама давајќи одговор:

„Како изгледа совршена жена? Слика има тон нема. Ете јас така во нареден месец. Не ми ѕвонете на телефон, буквално ми забранија да зборувам, ама затоа можам да пишувам.“

Маркетинг

Инстаграм/ Адријана Ацевска

„Наредниот месец продолжуваме кај што застанавме, и уште појако“, напиша Адријана во својата објава.

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Таа потоа објасни дека оперирала полипи на гласни жици и им се заблагодари на сите за пораките што ги добила.

Пејачката заради операцијата во следните неколку недели ќе мора строго да се придржува до упатствата на докторите, кои ја советуваа дека не смее да пее, но и што помалку да зборува за нејзината состојба да се поправи колку што е можно побрзо.

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Таа на своите фанови им порачува дека станува звор за рутинска операција и дека за брзо време ќе им се врати на своите обврски, но и не крие дека нивната поддршка многу и’ значи.

Полипи на гласните жици кај пејачите не се реткост. Тој проблем го имале бројни познати како Северина, Наташа Беквалац, Жељко Самарџиќ, Ален Адемовиќ, Александар Милиќ Мили…

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Пејачката пред само неколку дена се претстави на Прилеп фест со нова песна, а цело време беше насмеана и расположена.

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Таа тогаш привлече внимание и со својот златен имиџ, а никој не можеше да претпостави што ја очекува за само неколку дена.

Инстаграм/ Адријана Ацевска

„Оперирам полипи на гласни жици, не е страшно ќе помине брзо. Ви благодарам на сите за понудената помош, среќна сум што ве имам и во вакви моменти кога во сите пораки што ги добив, а има многу, стои ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, ШТО И ДА ТРЕБА, САМО ЅВОНИ“.

Сфаќам дека се уште постојат луѓе. А за докторите и сестрите во клиничкото центар едноставно немам зборови.

Инстаграм/ Адријана Ацевска

„Ви благодарам од срце“, напиша Адријана на крајот од својата порака што ја објави на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Инстаграм/ Адријана Ацевска

Повеќе за последниот настап на Адријана прочитајте тука

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button