Песната „Велат не нема“ се пее и сред Германија – Влатко Миладиноски направи спектакл за паметење
Внукот на легендарниот фолк-пејач Војо Стојаноски, Влатко Миладиноски, им приреди одлична забава на гостите
Салата беше премала за да ги прими сите што беа заинтересирани
Младиот пејач Влатко Миладиноски заедно со својата тајфа не престанува да реди успеси, но и да ги воодушевува своите фанови.
Пејачот неодамна направи одлична забава во Липштад, Германија, а нашите иселеници во оваа земја беа воодушевени.
Тоа впрочем може да се види и од снимката што самиот Влатко ја сподели деновиве на својот Фејсбук заблагодарувајќи им се на организаторите на настанот, но и на Македонците што беа на истиот.
Принтскрин/ Фејсбук
Повеќе од очигледно е дека многумина сакаа да го видат и слушнат Влатко кој важи за еден од нашите најдобри фолк пејачи.
Принтскрин/ Фејсбук
Од видеото може да се видат како сите заедно го пеат неговиот хит „Велат не нема“ додека фатени играат фатени во оро, а познатите стихови ечат и го исполнија целиот простор со емоции.
Принтскрин/ Фејсбук
Како изгледа овој момент на кој ниту еден вистински Македонец не може да остане рамнодушен, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, песната „Велат не нема“ е насловна песна од неговиот трет по ред студиски албум, а е дело на Тоде Новачевски кој ја направи музиката и Крсте Наумовски – Мечкар кој го напиша текстот.
Влатко во Еберсберг, Германија
Како звучеше оваа песна и кога Влатко ја пееше пред Македонците од Егејска Македонија, погледнете во продолжение…