Реклама
Новости

Голем скандал по несреќата што се случи во Нови Сад – фолкерката предизвика гнев со она што го направи

И додека Марија Шерифовиќ и Бресквица ги откажаа своите концерти во Скопје, некои нивни колеги решија да не ги откажуваат своите настапи иако по несреќата во Нови Сад во Србија беше прогласен Ден на жалост.

Реклама

По страшната трагедија што се случи во петокот во Нови Сад во Србија беше прогласен ден на жалост.

Многу музичари и пејачи ги откажаа своите настапи, изразувајќи сочувство и почит кон жртвите.

Една од нив е и Анѓела Иѓњатовиќ, попозната како Бресквица, која го откажа својот настап во Скопје.

Маркетинг

Својот концерт го откажа и Марија Шерифовиќ кој исто така требаше да се одржи во Скопје, а преку Инстаграм испрати апел до своите фанови од Македонија да имаат разбирање за нејзината одлука.

Маркетинг
Инстаграм/ Бресквица

Но очигледно на естрадата во соседството не размислуваа сите како Марија и Бресквица, односно како и многу други пејачи кои исто така ги откажаа настапите што им беа закажани за овој викенд.

Принтскрин

Па така оние што продолжија да работат и кога беше прогласен Ден на жалост сега се соочуваат со критики од голем број револтирани луѓе. Една од нив е и пејачката Сека Алексиќ која овој викенд имаше настап во Босна, па овој нејзин потег изнервира многу на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Сека Алексиќ

И додека многумина ја критикуваа, Сека на Инстаграм сподели фотка од хотелската соба, очигледно не премногу загрижена за негативните коментари што ги предизвика со оваа своја одлука.

Инстаграм/ Сека Алексиќ

Покрај Сека, како што пренесуваат српските медиуми, овој викенд не ги откажаа своите настапи и Слоба Радановиќ, Зорана Мичановиќ, Војаж, Марина Висковиќ, Здраво Чолиќ, Ема Радујко, Весна Џогани, Сандра Африка и многу други. И сите тие беа жестоко критикувани на социјалните мрежи од фановите.

Некои од нив се огласија, некои се уште не, а еден од оние што јавно прозборе на оваа тема е Војаж кој за медиумите истакна дека морал да настапува во Луксембург и Осло, бидејќи во спротивно би требало да плати огромни казни што не го испочитувал договорот.

Инстаграм/ Војаж

Тоа е наша работа. Исто како што и повеќето во Србија денес и вчера беа на работа, така и јас бев на својата работа“, вели Војаж за „Блиц.рс“ и додава дека овие пари подобро би ги дал во хуманитарни цели отколку да плаќа пенали затоа што ги откажал своите настапи.

Принтскрин/ Твитер

Принтскрин/ Твитер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button