Реклама
Наши ѕвезди

Последната желба на Зоки Фаци ги расплака сите што го познаваа – Стефан откри детали што никој не ги знаеше

На социјалните мрежи многумина се збогуваат од Зоки Фаци, а неговиот пријател објави видео посветено само за него...

Реклама

Познатиот македонски естраден новинар Зоран Василевски познат како Зоки Фаци вчера беше погребан во Катланово.

На погребот покрај најблиските од семејството на Зоки беа и бројни познати личности и негови пријатели, а многумина се збогуваа од него и изразија сочувство до семејството преку социјалните мрежи.

Пријателот и колегата на Зоки, јутуберот Стефан Лазаров, со кого тие заедно го водеа поткастот „Без лимит“, вечерта се огласи на својот канал и со солзи зборуваше за неговото пријателство со Зоки.

Маркетинг

Инстаграм/ Зоки Фаци

Стефан до детали раскажа за сето она што го знаеше во врска со болеста од која почина Зоки, истакнувајќи дека уште пред некое време од докторите им било соопштено дека му останало уште многу малку време.

Маркетинг

Како што појасни Стефан во својата потресна објава на Јутјуб, во еден момент им било кажано дека Зоки не може да се оперира, бидејќи голема е веројатноста да почина во текот на операцијата.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

„На Зоки му кажуваат во тој момент дека, се прават уште некои испитувања, дали да го оперираат во петок, и го одржуваат на некои терапии“.

Стефан потоа продолжува да објаснува дека на Зоки и во петокот му било соопштено дека нема да биде опериран по што тој одлучил да си оди дома. Тогаш докторот на Зоки му кажал дека кога ќе постои барем 1 % шанса за операција, ќе ја направи истата, а на неговата сестра и било соопштено дека му останале уште најмногу две недели живот.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Таков борец од жена јас немам видено“, вели Лазаров за сестрата на Зоки која до последен момент се бореше за својот брат.

„Не можете да му ја земете надежта на ниеден човек“, додава тој споделувајќи ја својата тага со фановите што неговиот пријател повеќе не е тука, но и потсетувајќи се на нивните последни заеднички моменти.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Можеби Зоки сé знаел, не кажувал, и си го живеел животот со полна пареа“, вели со солзи на очите Стефан во видеото.

Тој потоа се обиде да објасни што се случувало со Зоки во тие последни денови од неговиот живот, но зборуваше и за сите оние работи што заедно ги направиле во изминатиов период и заради кои неговиот починат пријател се чувствувал среќен барем на моменти.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

„Едно седум дена пред да почине ми се јави и ми кажа дека сака да му купам магнолија, цвеќе, за во Катланово“, вели Стефан откривајќи која било последната желба на Зоки што ја побарал од него, па сега се надева дека внукот на Зоки овие цвеќиња ќе ги посади во вилата на Зоки.

Зоки обожаваше цвеќиња, ова беше неговата тераса

Јутуберот цело време зборуваше со многу емоции и на моменти одвај издржа да не заплаче пред камерите, а на самиот крај од видеото најави и песна што планира да ја сними за својот пријател.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Тој потоа видеото го сподели на своите профили, а воедно и им се заблагодари на сите што биле тука и со него цело бреме и помогнале во моментите кога на неговиот пријател му било најтешко.

„Фала ви за сé. Зоки ќе живее низ моите проекти и секогаш ќе се сеќаваме на него. Животот продолжува…,“ напиша тој.

Целото видео погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button