Научникот Васко остави жена и две мали деца зад себе – најблиските скршени од болка по трагедијата
Голема трагедија се случи во Нови Сад, најблиските и пријателите се збогуваат од своите мили
Нови Сад од 1 ноември е завиен во црно по страшната трагедија што се случи на главната железничка станица во градот.
Огромна бетонска настрешница тешка стотина тони се сруши и падна на луѓето што во тој момент седеа на клупите под неа и чекаа да заминат на одредена дестинација со воз или автобус.
Во несреќата настрадаа 14 лица, меѓу кои и две сестри од пет и девет години, а тројца се повредени од кои две лица во тешка состојба.
Инстаграм
Преку социјалните мрежи многумина им изразуваат сочувство на семејствата на загинатите, а емотивна објава сподели и некогашниот учесник во „Ѕвездите на Град“, Јован Пап, кој објави фотографија од Сања Арбутина Ќириќ која загина во несреќата.
Инстаграм
Оваа девојка минатата година освоила награда на Избор за најубава бавча во Нови Сад, а Јован на Инстаграм напиша:
„Сања, не сакав да поверувам во ова. Нека те чуваат ангелите“, сочувство до семејството, напиша пејачот.
Инстаграм
Потсетуваме, во страната несреќа загина и Васко Саздовски од Македонија, кој во моментот на несреќата чекаше превоз за дома.
Васко работеше како научник во Институтот во Нови Сад и секој петок по работа се враќаше дома. Но овој пат наместо прегратки, неговата сакана во ја дочека страшна вест за големата трагедија.
Инстаграм
Васко веќе неколку години работеше во Нови Сад, а претходно неколку години беше во Германија, по што реши да се вработи во Војводина, за да биде поблиску до неговото семејство.
Неговите колеги од Нови Сад се збогуваа од него, а сепак најтешко им е на семејството и сопругата која остана со две деца.