Реклама
Наши ѕвезди

Едно од последните видеа со Зоки што ќе расплаче многумина – беше добар човек и ги сакаше децата

Вест што ја потресе естрадата

Реклама

Познатиот јутубер сподели видео што расплака многумина

Познатиот македонски новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, ќе биде погребан денес во 12 часот, а неговиот пријател и колега Стефан Лазаров со емотивно видео се збогуваше од него.

„Тебе сум те засакал, и ти си дел од мене. Ние не сме веќе партнери во поткаст, и затоа со ова сакам да ти кажам дека во периодот што следува не смееш да ме игнорираш.“

Маркетинг

„Јас сум ти кажал, одиме до крај, само што крајот ќе биде за едно дваесет-триесет години“, му вели Стефан на Зоки во видеото, по што тој гласно се насмеа, а јутуберот продолжи да му зборува.

Маркетинг
Инстаграм/ Зоки Фаци

„Ќе бидеш со едно бастумче, ќе ти ја фрлам оваа фризурава во канта, ќелаво, такво ќе бидеш, и ќе ми ги шеташ дечињата мали“, вели Стефан во видеото што го сподели, а кое беше снимено пред неколку месеци.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Покрај видеото, Стефан сподели и една заедничка фотографија на која го гушка и му дава поддршка на Зоки во моментите додека тој се соочуваше со тешката болест која за жал не успеа да ја победи, а еден коментар под истата фотографија никого е стави рамнодушен.

Принтскрин

„Во зградата каде што живееше Зоки вчера молк, денес молк. Навикнати бевме да го видиме насмеан. Секогаш ги поздравуваше сите. Ние таму со настава, а децата ко деца, чекаат да влезат на час“.

‘Здравоооо дечки’, ќе ги поздрави, а тие среќни, пресреќни дека не ги одминал без поздрав. Добар човек беше и ги сакаше децата. Тажно…

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Нека почива во мир и нека му е светол патот“, пишува една корисничка на социјалните мрежи под оваа фотографија.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Потсетуваме, Зоки Фаци неколку години храбро се бореше со болеста, но на крај не успеа да ја извојува оваа победа во животот.

Тој недамна се врати од Турција каде замина на лекување, но таму откако му беа направени испитувања беше откриено дека ракот метастазирал, па Зоки реши лекувањето да го продолжи во Македонија.

Неговиот погреб ќе биде денес, во 12 част, на гробиштата во Катланово каде се закопани и неговите родители.

@stefanlazarov

Ме научи што е лојалност, ме научи како е да се работи во тим, ме научи како се создава шоубизнис, ме научи да се смеам кога ми се плаче, ме научи да верувам во себе. Затоа знам дека морам сам. Можеби сам тука, но во душата никогаш. ❤️ #lazarovpodcast #bezlimit #zokifaci

♬ original sound – Stefan Lazarov

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button