Реклама
CelebrityLIFESTYLEВестиНаши ѕвезди

ГРАДИТЕ МЕ БОЛАТ, УЖАСНО СЕ ЧУВСТВУВАМ -Марија Шерифовиќ нема да пее вечерва во Скопје – концертот ПРЕЗАКАЖАН!

Реклама

Поради страшната несреќа која што се случи вчера во Нови Сад откажан е концертот на Марија Шерифовиќ закажан за вечерва во Скопје. Концертот е презакажан за 10 ноември, информираат од продукциската куќа „Прагма“.

„Поради страшната несреќа која што се случи вчеа во Нови Сад и прогласените денови на жалост во Србија, Ве известуваме дека концертот на Марија Шерифовиќ се презакажува за 10 ноември (недела), стои во соопштението“.

Купените билети ќе важат за новиот датум. Концертот ќе се одржи во Арена Борис Трајковски.

Маркетинг

Во несреќата на железничката станица во Нови Сад каде се урна бетонска настрешница загинаа 13 лица. Во Србија денеска е прогласен ден на жалост.

Маркетинг

Со видео порака се огласи и Марија:

– Се уморив од вакви пораки, вече не знам ни што да кажам, градите ме болат, ужасно се чувствувам, не постои толку голема реченица за да искажам колку ми е жал за тоа што се случи во Нови Сад. Моето срце е со секој член од семјествата на оне кои погинаа или се борат за живот – вели таа во видеото.

Погледнете го целото видео ТУКА.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button