Реклама
CelebrityFashionНаши ѕвездиСтил

Сите зборуваат за невестата на „Макфест“, дали ја забележавте и вие?

Реклама

„Макфест“ се случи минатата недела, но се уште се зборува за песните, за пејачите, за враќањето на сцената на големите имиња.

Се зборува и за „невестата“ која се појави оваа година на „Макфест“.

Секако дека ова е шега, се работи за преубавата пејачка Симона Поповска, која е редовна на оваа сцена.

Маркетинг

Кога водителот Димитар Атанасовски во бекстејџот ја претставуваше Симона, прво ѝ даде загатка, па ја праша:

Маркетинг

– Знаеш ли што е заедничко меѓу мене и тебе?

Пејачката одговори:

– Крис!

На тоа Димитар возврати:

– Не, Крис си е само твој, не ти го зимам, туку „Сињори“ – одговори низ смеа тој.

Инаку, да потсетиме Крис Поповски, сопругот на Симона е еден од сопствениците на брендот „Сињори“, а водителот често се облекува од таму.

Потоа Димитар се пошегува со Симона ѝ и рече:

– Ти и лани беше на Макфест, со пердувите, а оваа година си невеста.

Преубавата водителка се насмевна, a во раскошениот бел фустан изгледаше феноменално на сцената.

Таa носеше нежната гламурозна креација со V-отвор, креацијата се состои од два дела, комбинизон од чипка залепен за телото и едноставен крој на горен дел изработен од од шифон со огромен шлиц .

Совршена сценска комбинација, па зошто да не и за некоја невеста која сака да изгледа посебно.

Затворениот дел кај вратот дава таква отменост и женственост што нема која жена би останала рамнодушна.

 

На социјалните мрежи таа објави:

Стоејќи на сцената, се чувствував како да сум дел од универзумот – обвиена со светлина и енергија, во опкружување што пулсираше заедно со секој стих.

Инаку Симона носеше креација на светски познатиот македоснки дизјанер JZJ,  Златко Јовановски.

Погледнете ја нејзината изведба на Макфест со песната „Без тебе“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button