И Карлеуша се огласи по смртта на Зоки – му ја исполни последната желбата, а сега од него бара само едно
Пејачката го виде Зоки само неколку дена пред неговата смрт
Карлеуша со тага се збогуваше од нашиот новинар
По веста дека починал новинарот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци се огласија многу ѕвезди кои изразија сочувство.
Па така бројни познати лица од естрадниот свет споделија емотивни пораки посветени на нивниот пријател, а една од нив беше и Јелена Карлеуша, која сподели заедничка фотографија со новинарот направена неодамна, кога гостуваше кај Стефан лазаров.
„Последен поздрав драг Зоран… Последен поздрав на оваа планета каде нашите тела се смртни, минливи, слаби…“
Инстаграм/ Јелена Карлеуша
„Но, среќен ти пат во вечниот лет, во енергијата, во светлината што постана… Среќна сум што те запознав, ми кажаа дека си мој голем фан и дека тоа ти било најголема желба. Сега јас ќе гледам кон ѕвездите и ќе посакам нешто.. Ми должиш една желба што треба да ми ја исполниш, напиша Јелена скршена од тага и болка по веста дека новинарот ја изгубил битката од истата болест од која пред неколку години почина и нејзината мајка, Дивна Карлеуша.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Потсетуваме, Карлеуша пред концертот во Скопје гостуваше кај Лазаров, а Зоки заради болеста не можеше да се појави.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Но тој тогаш дојде да се сретне со Карлеуша, а нивната заедничка фотографија се уште стои на неговиот Инстаграм.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
По оваа објава на Карлеуша, истата фотографија ја сподели и Лазаров, и воедно и се заблагодари на пејачката што му ја исполнила последната желба на Зоки.
„Фала ти што му ја исполни последната желба . И објаснив кој е и колку ја сака, а таа му се посвети како да се познаваат цел живот. До последниот здив збореше колку е добра и колку е фасциниран. Фала ти Јелена“, напиша Лазаров во пораката што ја сподели.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Последната објава на Зоки
Покрај оваа фотографија, Зоки само неколку дена пред неговата смрт сподели и една фотографија на која е со неговиот внук.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Ова е последната фотографија што Зоки ја објави на својот Инстаграм, а под неа за својот внук Виктор напиша:
„Да не постоеше, ќе морав да те измислам“.
Новинарот неколку недели пред неговата смрт прв пат сподели и фотографија од неговата сестра Елизабет за која напиша дека по смртта на нивните родители, останале само тие двајцата.
Инстаграм/ Зоки Фаци
„Таа ми е сѐ во животот, нели крвта не е вода. Елизабет, те сакам до небо и фала ти што ги донесе на свет Даре и Виктор, моите големи љубови. Ти си мојата супер стар систер, не е лесно да си сестра на Зоки Фаци нели?“, напиша тогаш Зоки во описот на фотографијата.