Тајната на шармот на Ноне се крие во оваа навика – велешанката вака си ужива на грчките острови
Ноне со свое издание мами воздишки, а тајната се крие во оваа нејзина позитивна навика
Поранешната македонска пејачка Ноне Неделковска, ги воодушевува сите со фотографиите што ги објавува на Инстаграм.
Таа веќе десетина години работи на големите крузери и патува низ светот, па речиси да нема место на кое што не стапнала нејзината штикла досега. Па така пред само неколку дена Ноне сподели неколку фотографии од Санторини со кои им покажа на фановите како ужива на ова место, а веќе следниот ден беше на друга дестинација (во овој случај Миконос) и си ги полнеше батериите.
Но покај овие фотографии на кои Ноне секогаш изгледа како излезена од некоја разгледница, шармантната велешанка сподели и една фотографија со која откри како се одржува во форма сите овие години.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Имено, Ноне во секое свое издание изгледа прекрасно и мами воздишки, а сето тоа го должи на своите редовни тренинзи.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Таа секогаш кога има слободно време за себе, го користи и за вежбање, па на овој начин се одржува во форма, но и се опушта, а сите знаеме колку ваквите активности помагаат да се разбистри умот.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Ноне очигледно сака да изгледа убаво, но и да се чувствува позитивно, а вежбањето секако дека и помага во сето тоа.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
Потоа следува повторно фотографирање, но и максимално уживање на некое ново необично место на оваа наша волшебна планета.
Инстаграм/ Ноне Неделковска
И под секое од овие изданија Ноне добива позитивни коментари, а како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение…