Наши ѕвезди

Почина новинарот Зоки Фаци – овие негови последни фотографии кинат душа, беше насмеан секогаш

Почина познатиот новинар, до последен ден беше насмеан и секогаш расположен за дружба со најблиските

Advertisement

Почина познатиот новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, кој не успеа да ја победи тешката болест.

Како што откри неговиот пријател и колега, Стефан Лазаров, Зоки починал утрово во 6.40 часот, по долго и тешко боледување.

Advertisement

Василевски веќе неколку години водеше битка со опаката болест, а пред неколку недели се врати од Турција каде замина на операција. Но по направените прегледи во турската клиника беше откриено дека ракот се проширил, така што Зоран реши да се врати во Македонија.

Принтскрин/ Инстаграм

Тој тука го продолжи лекувањето, но не успеа да ја добие оваа битка за која отворено зборуваше во медиумите.

Advertisement

Василевски неодамна на социјалните мрежи се огласи од инвалидска количка, кога откри дека не се предава и дека продолжува со борбата.

Принтскрин/ Инстаграм

Тој потоа сподели и фотографија направена во неговиот дом, под кои сега бројни пријатели и колеги се збогуваат од него.

Принтскрин/ Инстаграм

Како што напиша Стефан на Инстаграм, Зоки ќе биде погребан утре, а повеќе информации ќе открие во текот на денот.

Принтскрин/ Инстаграм

„Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, напиша тој и изрази сочувство до фамилијата и најблиските, истакнувајќи дека Зоки беше другар за сите.

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button