Реклама
Новости

Петар Грашо по втор пат стана татко – ова е ќерката на неговиот пријател што му роди дете (фото)

Петар Хана ја познава уште додека таа беше дете, а пред да биде со неа 24 години беше во врска со познатата хрватска пејачка Даниела Мартиновиќ

Реклама

Познатиот хрватски пејач Петар Грашо (48) и неговата сопруга Хана Хуљиќ (33) добија уште едно дете.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, мајката и детето се добро. Хана се породи со царски рез, а детето го доби името Тони.

Потсетуваме, музичарот Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа на 18 февруари во црквата Свет Фрањо во Сплит.

Маркетинг

Инстаграм

Пејачот претходно 24 години беше во врска со Даниела Мартиновиќ, а набргу по раскинувањето заплови во брачните води со 15 години помладата Хана, ќерка на неговиот пријател Тончи Хуљиќ.

Маркетинг

Инстаграм

Петар ја познаваше Хана уште како девојче, па веста дека се заедно и дека е бремена ги шокираше сите.

Инстаграм

Музичарот тогаш беше критикуван од многумина, како заради разликата во годините, така и што раскинал со Даниела.

Инстаграм

Но љубовта со Хана доби потполна нова димензија кога прв пат се дозна дека очекуваат принова во семејството.

Инстаграм

Хана првото дете го роди во јули 2022 година. Тие тогаш добија ќерка, а истата година запловија и во брачните води.
.

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button