Познатата пејачка ги расплака своите фанови – Анета Љумаковска снимаше песна за починатиот татко
Песна посветена на нејзиниот татко кој неодамна почина
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска ги изненади своите фанови со новата песна што треба да излезе наскоро.
Анета Љумаковска важи за една од најбараните и најомилените пејачки на нашата музичка сцена, а секој нејзин настап е проследен од будното око на јавноста и предизвикува големо внимание. Пејачката по разводот си го врати своето моминско презиме, а во текот на летото остана без својот татко со кого беше мошне поврзана.
Таа се уште не може да се помири со оваа голема загуба, а сега откри и дека нејзината нова песна е посветена на нејзиниот татко.
Фејсбук/ Анита Даева
Имено, познатата водителка Анита Даева која воедно е и пријателка на Анета на својот Фејсбук сподели неколку фотографии и снимки направени во студио.
Водителката откри дека тие ја снимаат песната „Збогум без збогум“, за која вели дека е спомен на нивните татковци, но и на сите кои ги немаат, а која премиерно беше изведена на „Роса фест 2024“.
Фејсбук/ Анита Даева
Текстот на песната е на Даева, а заради неверојатните емоции со кои е проткаена Анета одвај се воздржува да не заплаче додека ја пее.
Taa сподели неколку фотографии од снимањето на Инстаграм, а веста за новата песна ги изненади нејзините фанови.
Фејсбук/ Анита Даева
Пејачката за оваа пригода избра фармерки, патики и тексас јакна, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Потсетуваме, Анета во текот на летото остана без својот татко кој почина еден ден пред таа да го прослави својот 40-ти роденден.
Фејсбук/ Анита Даева
Пејачката тогаш со емотивна порака се збогуваше од него, а оваа нејзина објава ги растажи сите на социјалните мрежи.
Повеќе за ова прочитајте тука...