Познатата пејачка заплака во куќата на Тоше Проески – емотивна глетка што ги растажи нејзините фанови
Теа Таировиќ ги посети гробот и куќата на Тоше, имаше силна порака што никого не остави рамнодушен
Пејачката Теа Таировиќ одржа прес-конференција во Скопје, па замина во Крушево да го посети гробот на Тоше Проески.
Теа заедно со своето момче ја посети и спомен куќата на Тоше каде се уште стојат многу негови лични предмети. Во музејот се наоѓа и мебелот од куќата во која живееше Тоше, па пејачката можеше да види и како некогаш изгледала неговиот дневен престој.
Теа со себе носеше кадифено мече со емотивна порака „Тоше, те сакам“, кој што ја остави во неговиот дом, а целиот настан толку ја возбуди што одвај успеа да ги задржи солзите и да не заплаче.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Потсетуваме, Тоше Проески го изгуби својот живот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Тоше кога почна имаше 26 години, а во моментот на несреќата спиеше на предното седиште до шоферот.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
Неговите најмили, како и најголемите фанови никогаш не го заборавија, па така неговиот гроб и музејот се посетени преку цела година.
Инстаграм/ Теа Таировиќ
„Денес ја посетивме спомен куќата на Тоше Проески. Верувам дека е голема чест на сите оние што го познаваа… а ние што не го познававме лично, ја познаваме неговата душа низ музиката! Денес дознав уште многу детали од неговиот живот и полна сум со емоции и убавини!“, напиша Теа на Инстаграм по посетата на музејот на Тоше Проески во неговото родно Крушево, па продолжи:
Инстаграм/ Теа Таировиќ
„Колку ги сакал луѓето, музиката, животот…“
Инстаграм/ Теа Таировиќ
„Македонија ја препозна неговата генијалност и вонсериски талент уште на почетокот на неговата кариера, а и регионот. Нека неговата душа служи како пример и вечна инспирација“, напиша Теа по посетата, па го додаде и следново, на македонски:
„Те сакаме Тоше“.