Еве како сестрите Тања и Лидија изгледале во младоста – пејачката се потсети на лудите млади години
Омилените сестри во Македонија
Познатата пејачка ги изненади ситe
Нашата позната пејачка Лидија Кочовска често знае да ги изненади фановите со фотографии што ги објавува на Инстаграм.
Впрочем така беше и сега кога пејачката се потсети на едно друго време споделувајќи фотографија од далечната 89-та година.
Станува збир за фотографија направена за еден од најпознатите магазини во тоа време, „Наш свет“, а која е направена за време на штипскиот фестивал Макфест. На фотографијата е и нејзината сестра Тања, која е осум години постара од неа и важи за една од нашите најдобри театарски актерки.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Ова не е прв пат Лидија да објави фотографија од младоста, а под секоја од нив може да се прочитаат бројни позитивни коментари.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Потсетуваме, Лидија важи за една од нашите најдобри пејачки со моќен вокал кој никого не остава рамнодушен.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Таа досега се има појавено на бројни фестивали и има освоено голем број награди, а денес работи во хорот на МОБ.
Инстаграм/ Лидија Кочовска
Како што самата истакна во една пригода денес пее само на приватни прослави каде што се чувствува ценето, а за својот љубовен живот ретко открива детали. Но не крие дека секогаш е вљубена, ако не во реална личност, тогаш барем во имагинарна, а имаше и кратко брачно искуство за кое исто тка ретко зборува.